7 причини да јадете суво грозје

Сувото грозје е веројатно најчесто користено суво овошје во светот. Не само што е слатко, вкусно и одлично за приготвување на колачи и торти, тоа е многу здраво. Ви откриваме 7 придобивки од консумацијата на суво грозје.

Оваа намирница е особено погодна за зимска исхрана, а е добра за лицата кои се соочуваат со различни здравствени проблеми како запек, температура, анемија и ацидоза. Може да ви помогне за здраво зголемување на телесната маса, добро е за очите, забите и здравјето на коските. Но, тоа не е сѐ! Во продолжение на текстот прочитајте ги главните причини кои ќе ве поттикнат да јадете суво грозје.

суво грозје

Ја зголемува енергијата за кратко време

Сувото грозје е богато со природни шеќери, фруктоза и гликоза, па како резултат на тоа многу брзо дава енергија. Помага за подобра апсорпција на витамините, протеините и другите хранливи материи во телото. Често го користат спортистите и боди билдерите за брзо подигнување на енергијата.

Ја подобрува цревната перисталтика

Откако ќе се внесе во организмот, сувото грозје ја апсорбира водата и го зголемува волуменот. Благодарение на оваа негова особина, го поттикнува празнењето на цревата и се смета за природен лаксатив. Растителните влака кои ги содржи сувото грозје ги врзуваат токсините и отпадните материи од гастроинтенстиналниот тракт.

Сувото грозје е одличен извор на железо

Покрај железо, оваа слатко овошје е одличен извор на бакар како и витамини од Б комплексот. Овој поволен нутритивен состав го прават намирница идеална за зајакнување на крвта и зголемување на производството на црвени крвни клетки.

Добро е за видот

Сувото грозје е богато со полифеноли кои се добри за видот. Овие растителни состојки ги штитат очите од дегенерација, како и од катаракта.

Помага за намалување на холестеролот

Редовната консумација на суво грозје допринесува за намалување на количината на холестерол и триглицериди во крвта. Тоа се должи на растворливите растителни влакна, кои помагаат да се намали количината на „лош холестерол“ во крвта. Покрај растителните влакна и полифенолите кои ги содржи грозјето помагаат за регулација на холестеролот. Во целина, консумацијата на суво грозје делува поволно на здравјето на срцето и крвните садови.

Ја намалува киселоста во организмот

Бидејќи е богато со калиум и магнезиум, тоа помага да се намали киселоста на организмот и да се отстранат токсините од телото. Вишокот на овие кисели материи може да допринесе до појава на артритис, гихт, камен во бубрезите, но и проблеми со срцето.

Превенира малигни заболувања

Грозјето содржи значајни концентрации на катехин, полифенолен антиоксиданс за кој се претпоставува дека може да допринеси во превенција од малигни промени на клетките.

Ви предлагаме да прочитате: Направете суво овошје во рерна.

Сподели: