вежбате наутро

7 причини зошто се препорачува утринско вежбање

Дали ви се случува да започнете со тренинг, а по неколку дена да се откажете? Немате доволно енергија и концентрацијата во текот на денот? Ако одговоривте потврдно, најдоброто решение за вас е: утринско вежбање или пешачење. Доколку вежбате наутро, ќе бидете посреќни, поенергични, ќе имате забрзан метаболизам и подобар сон.  

Знаеме дека не е лесно да се извлечете од креветот, да ја ставите спортската опрема и да започнете со тренинг. Но, постојат неколку причини кои ќе ве поттикнат да го наместите алармот малку порано од вообичаено и дa започнете физичка активност.

вежбање на утро

Ќе се чувствувате поенергично

Физичката активност во утринските часови го подобрува расположението и ја зголемува енергијата. Додека вежбате, вие ги снабдувате мускулите, органите и другите ткива во телото со кислород и хранливи состојки. Тоа ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем и ви дава енергија за почеток на денот.

Утринско кафе за подобро вежбање

Многумина од нас, денот го започнуваат со чаша кафе. Пиењето кафе пред тренинг ќе ви даде дополнителна енергија, ќе ја зголемите брзината, а може да ви помогне и во согорувањето повеќе калории.

Забрзан метаболизам во текот на денот

Утринското вежбање не само што ќе ви помогне моментално да си го забрзате метаболизмот, туку вашето тело ќе продолжи да согорува калории и по вежбањето. Тренингот наутро е одличен начин да го принудите телото да согорува повеќе калории со истиот напор кој би го вложиле и навечер.

Мозокот по утринското вежбање работи најактивно

Активниот ум е една од придобивките кои ни ги дава физичката активност, а ефектот трае 4-10 часа по завршувањето на тренингот. Навијте го алармот порано, облечете ја спортската опрема и размрдајте се!

Поголема продуктивност на работното место

Тренингот наутро не само што го намалува нивото на стрес, туку ја зголемува и продуктивноста. Истражувањата покажуваат дека физичката активност ја подобрува способноста за извршување на умствени задачи и го подобрува памтењето.

Ќе ја засакате здравата храна

Откако ќе почнете со вежбање, ќе забележите позитивни промени во телото. Притоа, ќе се посветите на изборот на здрава храна која ќе ви даде енергија и ќе го подобри здравјето. Нискокалорчен и здрав оброк ќе ви биде доволен за да се чувствувате сити и енергични.

Поквалитетен сон во текот на ноќта

Физичките вежби ја покачуваат температурата на телото и го држат мозокот активен, па лицата кои вежбаат навечер имаат проблеми со спиењето. Доколку навечер вежбате, а имате несоница, практикувајте тоа да биде 3 до 4 часа пред да легнете. За разлика од вечерното вежбање, утринскиот тренинг има позитивен ефект врз деноноќниот ритам на телото, што придонесува за подобар сон.

Ви предлагаме да прочитате: Со физичка активност до подобро здравје.

Сподели: