имунитет 1

7 совети за силен имунитет и добро здравје

Превенцијата е подобра од било кој лек. За да може вашиот организам успешно да се бори против вирусите и бактериите кои најчесто од есен до доцна пролет го напаѓаат телото, потребно е да имате силен имунитет.  Најобичните настинки укажуваат дека имунитетот е намален, па затоа е потребно што поскоро да се преземат мерки за да се подобри имунолошката состојба.

За намалување на имунитетот влијаат повеќе фактори како стрес, хронични заболувања, операции, исцрпеност, загаден воздух, изложување на долготраен студ, како и лошите навики на живот како што се недоволна физичка активност, пушење, неправилна исхрана, долготрајни диети, недостаток на сон, лоша хигиена и други.

За да го зајакнете имунитетот, здравствените експерти од целиот свет препорачуваат консумација на следните намирници:

Помогнете му на црниот дроб

Редовната консумација на зелка, брокула и марулка, помага да се подобри функцијата на црниот дроб, така што се зголемува способноста за непречено елиминирање на токсините од организмот. Тоа допринесува да се зајакне имунолошкиот систем.

Подобрете здравјето на очите и видот

Црната рибизла содржи антоцијани, состојки кои се добри за здравјето на срцето и видот. Покрај тоа, рибизлите се богати со витамин Ц (содржи речиси пет пати поголемо количество витамин Ц од портокал), па не е чудо зошто се корисни за подобрување на имунитетот.

Контролирајте го нивото на лошиот холестерол

За да го намалите лошиот холестерол може да ви помогнат овесните снегулки. Растворливите влакна кои ги содржат се значајни за здравјето на целото тело, а истовремено помагаат за намалување на нивото на лош холестерол во крвта. Тоа е добра причина да го започнете денот со нив!

имунитет

Намалете го ризикот од срцев удар

Семките од тиква се богат извор на магнезиум и може да помогнат во намалувањето на висок крвен притисок, а со тоа се намалува и ризикот од срцев и мозочен удар.

Лесно отстранете ги штетните материи од организмот

За да ги отстраните токсините од белите дробови и да ги надминете проблемите со синусите, ќе ви помогне ѓумбирот. Тој го загрева телото и му помага во разлагањето на штетните материи во органите. Исто така е корисен за подобрување на работата на лимфниот систем, го спречува таложењето на токсините кои го зголемуваат ризикот од инфекција.

Подобрете го изгледот на кожата

За да го подобрите изгледот на вашата кожа, се препорачува пиете сок од калинка кој содржи елагична киселина и пуникалагин, состојки кои се добри за заштита на кожата од слободните радикали. Покрај тоа, калинката е богат извор на фитокомпоненти, кои се погодни за регенерирање и одржување на здрава кожа. 

Зајакнете ја косата и намалете го опаѓањето

Бидејќи се богати со железо и биотин, јајцата може да помогнат во зајакнување на вашата коса, а особено нејзиниот корен (кога коренот е цврст, тогаш нормално доаѓа до помало опаѓање на косата). Железото, помага во борбата против анемија, која е една од факторите кои влијаат за опаѓање на косата кај жените.

Сподели: