совети за здебелување

7 совети кои ќе ви помогнат да се здебелите на здрав начин

Најголем дел од жените се борат со вишокот килограми и постојано се во потрага по нова диета за слабеење. Но, има и многу други жени кои се обидуваат да ја зголемат својата тежина и бараат начини за здебелување. Ако сте од втората група, сигурно ви е смачено луѓето да ве игнорираат и да ве гледаат со недоверба кога ќе кажете дека очајно сакате да се здебелите и дека не можете.

Во текстот кој следува ви предлагаме неколку совети кои ќе ви помогнат да се здебелите.

совети за здебелување
  1. Пијте додатни течни калории како овошни сокови, нискомаслено или млеко од соја. Ако поради течностите се чувствувате преполни, пијте ги помеѓу оброците, а не заедно со нив.
  2. Постепено зголемувајте ги порциите. Самите сервирајте ги оброците и додајте една до две лажици повеќе. На тој начин постепено ќе ја зголемувате порцијата во храната. Немојте одма да преминете на дупла порција.
  3. Додајте здрави масти. Салатите зачинете ги со маслиново масло и киселина, а додајте и јаткасти плодови, семки, авокадо или маслинки.
  4. Изберете житарици од цело зрно. Како ужина консумирајте житарици со соино млеко кои ќе ве заситат. Најкалоричните житарици се густи и тешки. Штом купувате нивното пакување би требало да биде тешко штом го земете во рака. Дополнително во житарките ставете суво овошје, семки и јаткасти плодови, а не шеќер и масти. Направете си топла каша од житарици во кои ќе додадете топло млеко, путер од кикири и/или изгмечена банана. Консумирајте леб од цело зрно и зголемете го внесот на интегралните тестенини и ориз.
  5. Изберете квалитетни протеини. Почесто консумирајте риба, морски плодови, пилешко, мисиркино, нискомаслено црвено месо и вегетаријански протеини како тофу сирење и грав. Калорискиот внес зголемете го со зголемување на порцијата, а не со консумирање на мрсно месо.
  6. Порција суво овошје има повеќе калории него свежо. Сувото овошје може да го додадете во ладни или топли житарки, шејкови, салати или да го јадете како грицки.
  7. Здравите ужини може да ви помогнат за зголемување на телесната тежина. Консумирањето на дополнителни 500 калории на ден, ќе ви биде полесно со редовна ужина. Пожелно е да имате 3 оброци и 3 ужини, кои треба да бидат подеднакво распоредени. Протеински шејк, порција житарици со млеко и суво овошје, сендвич од интегрален леб или чорба од грашок се само некој од примерите за здрава и богата ужина.

Ви предлагаме да прочитате: 5 симптоми кои укажуваат на недостаток на протеини.

Сподели: