чад од цигари

7 трикови со кои ќе го отстраните мирисот на чад од цигари

Пушењето е лоша навика, но тоа не значи дека треба да се одречите од вашите пријатели и да ги „сортирате“ гостите. Ако имате пријатели кои се пушачи, дознајте како може со помош на овие 7 трикови да го отстраните мирисот на чад од цигари во просторијата.

Чадот се „лепи“ на теписите, завесите, мебелот, но може да го отстраните. Дали ќе се одлучите за некои поедноставни или покомплицирани методи зависи од количината на чад, а исто така колку време е присутен во просторијата.

Проветрете ја просторијата

Проветрувањето по посетата на гостите кои пушеле во просториите е многу важно. Доколку сте во можност, добро е да си набавите и апарати за прочистување на воздухот, а во овој случај ќе биде потребно почесто да ги менувате филтрите.

мирис на чад

Запалете мирислива свеќа

Можеби овој трик го знаете, но е многу ефикасен. За време на посетата запалете украсни и миризливи свеќи. Свеќите поставете ги во садови со зрна кафе или сушени цветови од лаванда.

Искористете го активниот јаглен

Друго што може да ви користи е активниот јаглен. Поставете го во мали садови на неколку места во просторијата во која се пуши.

Добро исчистете ја просторијата

Добро исчистете ја просторијата. Ако е потребно ставете вентилатор покрај отворен прозорец, така што треба да виде поставен кон внатрешноста, за да може да го извлекува чадот.

Направете природни освежувачи од киселина со етерични масла

Наполнете неколку помали садови со киселина, а во нив може да додадете и малку етерични масла. Садовите поставете го просторијата во која се чувствува мирисот.

Со кора од портокал и лимон освежете го мирисот во просторијата

Во тенџере на оган ставете малку вода и додајте кора од портокал и лимон. Варете кратко, а потоа тенџерето веднаш поставете го во просторијата.

Сода бикарбона за неутрализација на мирисот на теписите и мебелот

Врз мебелот и теписите може да посипете малку сода бикарбона, која ќе ги впие мисирите. Оставете ја да делува преку ноќ, а следниот ден изметете со правосмукалка.

Пушењето е штетно по здравјето. Дискретно пренесете им го вашето мислење врз своите пријатели или блиски за да се ослободат од таа лоша навика.

Ви предлагаме да прочитате: Природен лек кој ќе ви помогне да се откажете од пушењето.

Сподели: