стомачни наслаги

7 намирници кои топат стомачни наслаги

Мастите околу стомакот или уште наречени стомачни наслаги, се најголем непријател на витката фигура која ја посакува секоја жена, а храната е неизбежен фактор на кој мора да се внимава за здраво и затегнато тело. Лута пиперка, куркума, цимет, зелен листат зеленчук, кромид и лук, ленено семе се одличен избор за намалување на телесната тежина!

храна за слабеење - витка фигура

Затоа, не сонувајте за витка фигура, здраво тело и многу енергија. Уште денес започнете со промени во своите навики и постигнете ги сите убави нешта кои ги посакувате за себе си. За што поуспешно и полесно остварување на целта, припремивме за вас листа на намирници кои помагаат во топење на масните наслаги и го спречуваат нивното наталожување.

Зелени лиснати зеленчуци – против стомачни наслаги преку контрола на апетитот

Спанаќот, блитвата, кељот и другите видови на зелен лиснат зеленчук се одличен извор на влакна и хранливи материи. Истражувањата покажуваат дека нивната висока концентрација со витамини и антиоксиданси го контролира апетитот и штити од срцеви болести, рак, катаракта и губење на меморијата.

Грав и зрнести плодови – богат извор на растителни влакна

Од сите намирници, зрнестите се најдобар извор на растителни влакна. Тие помагаат да се стабилизира нивото на шеќерот во крвта, а исто така се многу богати со калиум, минерал кој ја намалува дехидрацијата и ризикот од висок крвен притисок и мозочен удар.

Кромид и лук за уништување на масните стомачни наслаги

Овај интересен пар содржи фитохемикалии кои ги уништуваат масни наслаги во телото, истовремено го намалуваат нивото на лошиот холестерол, ги уништуваат вирусите, бактериите, габите и го штитат срцето од болести. Со малата помош на лукот и кромидот брзо ќе ги решите проблемите со масните наслаги и ќе ги избегнете болестите.

Лута пиперка – спречува таложење на масни наслаги и забрзува метаболизам

Лутата пиперка го намалува ризикот од вишок инсулин во телото и помага во забрзување на метаболизмот и намалување на нивото на гликоза во крвта, пред вишокот инсулин да доведе до формирање на масни наслаги. Може да ја користите свежа кисела или во зачин.

Куркума – штити од слободни радикали

Овај зачин е еден од најдобрите извори на бета каротен, кој е антиоксидант кој помага во заштитата на црниот дроб од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Куркумата, исто така му помага на метаболизмот во топење на масните наслаги и ја подобрува работата на црниот дроб.

Цимет – преку подобрен метаболизам до помалку стомачни наслаги

Една четвртина од една лажичка цимет во храната помага шеќерот да се метаболизира подобро и тоа до дваесет пати повеќе, во споредба со храната во која не се наоѓа цимет. Вишокот на шеќер во крвта може да доведе до зголемување на масните наслаги, затоа зачинете го чајот или кафето со цимет и уживајте!

Семе од лен и ленено масло – помага во исфрлање на токсини од организам

Лененото семе и неговото масло ги привлекуваат растворливите токсини кои се наоѓаат во масните ткива на телото. Кога ќе ги привлечат тие му помагаат на телото да ги исфрли надвор. На тој начин, во телото се складираат на помалку масти.

Сподели: