намирници против акни

8 намирници против акни

Не заборавајте дека убава кожа без акни е резултат на правилна исхрана, затоа доколку имате проблематична кожа започнете од промена на начинот на исхрана, а потоа продолжете со други начини на помош. Акните се кожно заболување кое не ги засега само тинејџерите, туку се естетски и медицински проблем со кој се соочува дури 80% од популацијата.

Милиони луѓе низ светот сè уште се обидуваат да го најдат соодветното решение и трошат големи финансиски средства за различни гелови, лосиони, кремови и слични препарати, а што ако ви кажеме дека решението се наоѓа во вашиот дом? Акните можете да ги победите и со правилни избори на храна.

Намирниците кои помагаат против акни се следните:

Јаткасти плодови

Недостатокот на некои минерали како што се цинк и селен, се поврзува со појавата на акни кај некои лица. Семките од тиква и бразилските ореви се добра и здрава ужина која ќе ви помогне во борбата со акните. Селенот помага за зголемувањето на бројот на белите крвни клетки во телото и ја зајакнува нивната одбранбена моќ, додека витаминот Е, бакарот, магнезиумот, манганот, калиумот, калциумот и железото се неопходни здравјето и функцијата на кожата.

Домати

Доматите се богати со витамин Ц, кој помага во производството на колаген, а колагенот  ја подмладува кожата и ја одржува цврста и затегната.  Ликопенот кој го содржат доматите ја стимулира циркулацијата во кожата.

намирници против акни

Јајца

Жолчките од јајцата изобилуваат со селен, цинк и витамини, а белката со протеини кои помагаат за чиста кожа.

Овесно млеко

Овесното млеко е содржи растителни влакна, лактоза, витамин Е кои го поддржуваат здравјето на кожата. Може да го нанесете на лицето, вратот и градите.

Лук

Секое чешне лук ја содржи состојката алицин кои се бори со штетните бактерии и вируси кои можат да бидат причинители за појава на акни и други кожни заболувања.

Зелен чај

Антиоксидансите кој ги содржи зелениот чај ќе  ви ја подобрат вашата кожа. Доколку имате проблем со акните, консумирајте го редовно.

Брокула

Антиоксидансите како витамин А,Б,Ц,Е и К помагаат за побрзо зараснување на оштетеното ткиво, додека омега 3 масните киселини, калциумот, го подржуваат правилното функционирање на клетките на кожата.

Вода

Еден од најдобриот, најевтиниот и ефективен начин, да ги исфрлите токсините од телото и да ја одржите кожата чиста, е водата. Следете ги препораките и секојдневно пијте 8 чаши вода.

Но, освен исхраната, важна е и негата, па еве совет плус за да го решите проблемот со акните

Во секоја можна прилика се трудиме да се потсетиме себеси и сите околу нас колку е важна домашната нега. Сме разговарале со голем број на повозрасни жени кои се убави и младолики, и нивниот главен совет е, никогаш не легнувајте со неисчистено лице и без нанесен соодветен крем. Ако сме убави и ќе се чувствуваме подобро, затоа грижата за себе треба ја практикуваме секојдневно. Издвојте неколку минути за себе секој ден за да се чувствувате поудобно во својата кожа. Ви предлагаме да пробате една ефективна комбинација за соочување со овој проблем, која благодарение на Slim Line Club е достапна и на нашите простори. Основата се состои во редовно миење на лицето, а сега имате можност тоа да го правите со сапунот SLC Active Charcoal Soap кој е богат со најдобрите природни состојки кои ја спречуваат појавата на акни и црнки, а исто така ги абсорбира и отстранува токсините и нечистотиите од кожата. SLC PureSkin Black Face Mask е ефективна формула за третирање на сите типови кожа, а особено за проблематична кожа, и е вистински хит на светско ниво. Ефикасно и подеднакво добро се бори со црнките и акните. Совршено тонизира, хидрира, ја затегнува кожата и ја прави мека и сјајна. На крај, лицето намачкајте го со SLC Face Care Cream богат е со различни видови на билни екстракти, кои помагаат за брзо, лесно и целосно отстранување на акните и го спречуваат нивното повторно појавување. Ако сакате да ги нарачате по одлична пакет цена, кликнете на линков од онлајн продавницата или јавете се на телефоните 078 215 929 и 02 270 00 28.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 природни начини за лекување на акни.

Клучни зборови:

Сподели: