8 препораки за трајно ослободување од стомачните масти

8 препораки за трајно ослободување од стомачните масти

Ако има нешто што е навистина тешко и бара многу упорност и трпение, тоа се навистина непосакуваните стомачни масти кои „измачуваат“ огромен број луѓе. Нивното отстранување е многу тешко и претставува долготраен процес за кој е потребно да се променат навиките од секојдневието. Па, ако и вие се соочувате со вишок на стомачни масти, во продолжение прочитајте ги нашите препораки и совети, и бидете чекор понапред до посакуваната цел!

Препораките кои помагаат трајно да се ослободите од непријатните стомачни масти се следните:

Започнете го денот со лимонов сок

Ова е една од најдобрите „терапии“ за елиминирање на мастите. Уште подобро е ако исцедениот лимон го измешате со чаша млака вода и доколку можете да го поднесете вкусот, додајте прстофат сол. Пијте ја оваа течност секое утро и ќе ги забележите ефектите во забрзаниот метаболизам, што и тоа како помага во ослободувањето од непосакуваниот стомак.

8 препораки за трајно ослободување од стомачните масти

Намалете го внесот на бел ориз и бел леб

Наместо тоа, во вашата исхрана внесувајте повеќе кафеав (интегрален) ориз, интегрален леб, целозрнеста храна и житарки, овес и киноа. Избегнувајте слатки и мрсни храни. Воздржувајте се од слатки, засладени пијалаци и храна богата со заситени шеќери и масти. Консумирањето на оваа храна може да доведе до наталожување на масти во телото, а посебно во пределот на стомакот и колковите.

Јадете многу овошје и зеленчук

Јадете 3-5 оброци дневно и вашето тело ќе биде снабдено со антиоксиданси, минерали и витамини, кои се неопходни за добро здравје. За да ги задоволите потребите на организмот со витамини и минерали, потребни ви се и добро балансирани оброци. Ако немате многу време и често сте во брзање, пригответе си хранлив SLC Meal Replacement шејк. А за да постигнете најдобри резултати и да ги намалите стомачните масти, нашите пријатели од Slim Line Club ни приготвија специјална понуда. SLC Meal Replacement Strawberry и капсулите за таргетирано топење на мастите околу поволината и стомакот SLC Advance, може да ги добиете по неверојатна акциска цена од 798 денари. Повеќе за оваа понуда прочитајте на онлајн продавницата или јавете се на телефонските броеви 078 215 929 и 02 270 0028.

Пијте многу вода

Пијте доволни количини на вода кои ќе му овозможат правилна и забрзана работа на вашиот метаболизам, исфрлање на фекалните материи во нормални интервали и што е многу важно, отстранување на токсичните материи од вашето тело.

Јадете свеж лук

Доколку јадете 2-3 чешниња лук секое утро и пиете чаша сок, подготвен од пресно цеден лимон и вода, треба да знаете дека со таков третман ќе постигнете двојно намалување на телесната тежина од обично, а исто така ќе имате подобра циркулација на крвта.

Избегнувајте храна која не е растителна

Ако сакате да ги елиминирате мастите кои се наталожиле на стомакот, препорачливо е што повеќе да ја избегнувате животинската храна.

Додајте зачини во вашата исхрана

Употребувајте што повеќе цимет, ѓумбир и црна пипер при готвењето. Освен што изобилуваат со здравствени придобивки, овие зачини му помагаат на организмот да го регулира нивото на шеќер во крвта, а со тоа се регулира и чувството на глад, посебно онаа емотивна глад која и тоа како придонесува кон непосакувани килограми.

Ви предлагаме да прочитате: 7 напитоци за слабеење и фит тело.

Сподели: