здрави напитоци

8 здрави напитоци – Пијте го секој во вистински момент!

Одржете го здравјето на оптимално ниво со вистински избор на здрави напитоци. За да може нашиот организам да функционира правилно, освен храната, треба да се консумира доволна количина на течност. Но, дали знаете кога е вистинско време за консумација на одреден пијалак?

Вода

Кога се чувствувате уморни, имате главоболка или грчеви во стомакот, тогаш веројатно сте дехидрирани. Научниците докажаа дека, на жените во просек им се потребни два литра вода на ден, за телото да може да функционира правилно. Исто така, ако сакате да изгубите неколку килограми пред секој оброк, пијте по една чаша вода. Водата ќе ве засити, а вие ќе немате потреба да јадете храна во големи количини. Кога вежбате, вашето тело се поти, а најчеста грешка која ја правиме е пиење на вода во големи количини одеднаш. Се разбира, треба да се консумира вода, но тоа да биде во период пред и после тренингот и тоа по една до две чаши, а додека пак за време на тренинзите и вежбањето, водата  треба да се пие во мали голтки.

Чај

Ако имате честа потреба за кофеин и пиете кафе по неколку пати на ден, добро би било доколку можете да замените барем еден филџан кафе со шолја чај во денот. Ако сакате да ја намалите зависноста од кофеин, се препорачува да пиете повеќе црн чај. Чаевите од нане, камилица и ѓумбир се одлични за желудникот и благопријатно делуваат на стомачни болки. Жалфијата помага при болки и инфекции во устата, а зелениот чај е одличен за детоксикација и губење на тежината. Во борбата против настинки може да ви помогне чајот од шипинки, додека чајот од ајдучка трева е голем сојузник во борбата против т.н. „женски проблеми”.

здрави напитоци

Сокови

Ако имате проблеми со запек, идеален за да го решите тој проблем е сокот од суви сливи. Тој е богат со витамин Ц, железо и калциум, а содржи високи количини на влакна, кој помагаат за празнење на дебелото црево. Сокот од брусница е одличен во борбата против инфекции на уринарниот тракт. Сокот од портокал ќе ви помогне за побрзо варење на храната. Водете сметка дека треба да пиете сокови кои ќе бидат 100% природни, а ќе имаат што помало количество вештачки шеќери и адитиви. Идеално би било ако ги направите сами во соковник.

Кафе

Кафето содржи голема количина на хром и магнезиум. Овие два минерали му помагаат на организмот да го метаболизира инсулинот (хормонот кој го контролира шеќерот во крвта) и ја спречуваат појавата на дијабетес тип 2. Ако не сте чувствителни на кофеин, слободно пијте по едно кафе во текот на денот. Кафето, исто така, ја спречува појавата на депресија кај жените.

Млеко

Млекото е богато со калциум и витамин Д, па е идеален напиток за зајакнување на коските и забите. Млекото, исто така го штити го срцето и го доведува крвниот притисок во нормала, а жените кои често го консумираат се помалку склони кон зголемување на телесната тежина.

Пиво

Дали некогаш сте размислувале дека пивото може да ве зајакне и да влијае на вашата издржливост? Пивото содржи големи количини на железо, кое е одговорно за протокот на кислород од белите дробови до другите органи. На овој начин, кислородот во крвта доаѓа побрзо, а тоа резултира со зголемена издржливост. Пивото е богато со антиоксиданси кои помагаат во обновувањето на клетките во организмот, а со тоа се бори против ракот. Секако, треба да се консумира во мали количини и да се пие најмалку два часа пред спиење бидејќи може да доведе до несоница.

Лимонада

Лимонадата е одличен извор на витамин Ц и како таква го зајакнува имунолошкиот систем. Таа е идеална за сите сезони бидејќи го освежува, оживува и детоксицира нашето тело. Најздраво е да го започнете денот со чаша млака вода во која сте додаде еден исцеден лимон. Овај напиток ќе ги исфрли токсините од вашето тело, а со редовно консумирање ќе ги намалите и несаканите килограми.

Шејк

Ова е идеален напиток за зафатените жени. Во исто време вашето тело се храни и се хидрира. Земете блендер и обидете се различни комбинации од овошја со млеко, вода или сок, да го направите свој шејк. Верувајте, што и да одберете нема да погрешите, а вашето тело ќе ви биде благодарно!

Сподели: