8 избор рецепти за чоколадна торта 1

8 избор рецепти за чоколадна торта

Кога станува збор за вкусови, ретко кој може да одбие и одолее на парче чоколадна торта. Токму затоа, ви припремивме специјално на едно место не еден, туку 8 рецепти за различни чоколадни торти и комбинации. Уживајте!

Чоколадна торта за 5 минути

Ви се највиле гости, а немате многу време да припремите нешто вкусно? Имаме супер решение за вас. Сега може да направите чоколадна торта за 5 минути! Не ви се верува? Видеото погледнете  го тука и следете ги инструкциите, ќе успеете!

Чоколадна торта со пудинг

Пробајте ја фантастично вкусната чоколадна торта со пудинг, по рецепт од нашата кујна. За да ја направите потребни ви се неколку едноставни состојки, а е одлична за родендени или други куќни свечености. Рецептот е повеќе пати испробан, па не двоумете се да го пробате. Кликнете тука за да го погледнете.

Чоколадна торта со бисквити

Тортите со бисквити се едни од омилените и лесни десерти кои многумина ги обожаваат. А кога се збогатени со чоколадо, никој не може да му одолее на фантастичниот вкус. Прочитајте го рецептот тука.

8 избор рецепти за чоколадна торта 2

Чоколадна торта со јаболка

Мирисот на чоколадо, ванила, печени јаболка и цимет сигурно ќе ве намами да ја направите оваа чоколадна торта со јаболка и да споделите убави моменти со семејството и најблиските. Фантастичниот рецепт на Невена можете да го прочитате тука.

Чоколадна торта со еурокрем

Може да кажеме дека оваа чоколадна торта со еурокрем е една од нашите омилени и брзи торти кои ги приготвуваме за време на родендени или свечени прилики. Се прави со едноставни состојки, а е многу вкусна, а еве го рецептот.

Посна чоколадна торта без масло

Ако постите, сте веган или сакате да направите лесна торта со само неколку состојки кои ги имате во вашата кујна ви предлагаме да ја пробате посната чоколадна торта без масло. Рецепт тука.

Захер торта – најпознатата чоколадна торта од Виена

Легендата за Захер торта датира од 1832 година, кога младиот готвач Франц Захер во Виена по наредба на канцеларот Матерних, морал да припреми некој посебен десерт за средбата со сите европски дипломати. Тој експериментирал со состојките и успеал да ја направи една од најпознатите торти на светот. Захер тортата се смета за еден од најпознатите кулинарски специјалитети на Виена, а оригиналниот рецепт се чува како тајна. Затоа, ние имаме еден многу сличен и исклучително добар, кликнете тука да го погледнете.

Чоколадна авокадо торта

Сигурни сме дека ако некој ве почести со парче од оваа превкусна чоколадно авокадо торта ќе бидете среќни како што сме и ние. Многу е убава на изглед, а уште повеќе за јадење! Еве го рецептот.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за популарната шах торта.

Сподели: