чиста крв без токсини

8 намирници за чиста крв без токсини

Од секојдневните функции кои се извршуваат секојдневно во организмот, во крвта како транспортна материја до сите клетки, се насобираат штетни материи и токсини. Одржувајте ја чиста вашата крв со помош на храната и бидете здрави! 

Во текот на денот, широк спектар на токсини и хемикалии завршуваат во нашиот крвоток. Тоа се отпадни материи кои нашето тело ги произведува кога ја апсорбираме од храната, од воздухот кој го дишеме, разните козметики кои ги користиме, како и од производите за домаќинството. Tелото има свој сопствен систем за детоксикација, а тој систем постојано ја филтрира нашата крв со цел да се отстранат штетните компоненти и да се одржува здравјето на оптимално ниво. Бубрезите, црниот дроб, белите дробови, цревата и кожата се главни системи за филтрирање, а со консумирање на одредени намирници можете да му помогнете на организмот да филтрира повеќе токсини од крвотокот и да ја избегне или намали појавата на многу болести.

чиста крв без токсини

Лук за чиста крв без токсини

Лукот е богат извор на сулфур, основен минерал кој му помага на телото да ги елиминира токсините, така што го стимулира црниот дроб да произведува ензими за детоксикација кои ги филтрираат токсините од крвотокот.

Глуварче за елиминација на слободните радикали

Глуварчето содржи огромна количина на антиоксиданси и фитокомпоненти кои ги елиминираат отровите од дигестивниот систем и слободните радикали. Чај направен од лисјата и корен на глуварчето ја стимулира функцијата на црниот дроб и панкреасот, поради што тие ги ”извлекува” токсините од крвотокот.

Јаболка за здрав црн дроб

Витамини, минерали и растителни влакна се само некои од материите кои ги содржат јаболката и го стимулираат производството на жолчка која му помага на црниот дроб да се ослободи од токсините.

Цвекло против слободни радикали

Поради антиоксидансите и другите хранливи материи цвеклото е одлична ”алатка” да го штити организмот од слободните радикали и да го стимулира црниот дроб за поголема елиминација на токсините од крвотокот.

Магдонос за добра функција на бубрезите

Магдоносот дејствува како диуретик кој му помага на бубрезите да ја извршат својата работа и да ги елиминираат повеќето токсини преку урината.

Моркови за чист црн дроб

Морковот е богат со витамини ( А, Б6, Ц и К ), калиум и глутатион, протеин кој го чисти црниот дроб. За подобар ефект на детоксикацијата морковите јадете ги свежи, бидејќи со готвењето доаѓа до распаѓање на глутатионот.

Лимон за активација на црниот дроб

Лимонот ја активира функцијата на црниот дроб, кој е одговорни за елиминација на токсините. Топлата вода со цеден лимон најдобро е да се пие наутро. Помага во ослободување на ензимите кои ги претвораат токсините во состојба да се растворливи во вода, која може лесно да биде исфрлена надвор од телото преку урината. Покрај тоа лимонот е богат извор на витамин Ц кој на телото, меѓу другото е неопходен за производство на глутатион.

Босилек за добро варење

Босилекот ги поддржува бубрезите и црниот дроб во елиминирање на група токсини. Тој е  одличен за варењето на храната, помага при инфекции и делува како диуретик и помага за брзо и количинско исфрлање на токсините од организмот.

Сподели: