намирници против акни

8 намирници против акни

Не заборавајте дека убава кожа без акни е резултат на правилна исхрана, затоа доколку имате проблематична кожа започнете од промена на начинот на исхрана, а потоа продолжете со други начини на помош. Акните се кожно заболување кое не ги засега само тинејџерите, туку се естетски и медицински проблем со кој се соочува дури 80% од популацијата.

Милиони луѓе низ светот сè уште се обидуваат да го најдат соодветното решение и трошат големи финансиски средства за различни гелови, лосиони, кремови и слични препарати, а што ако ви кажеме дека решението се наоѓа во вашиот дом? Акните можете да ги победите и со правилни избори на храна.

Намирниците кои помагаат против акни се следните:

Јаткасти плодови

Недостатокот на некои минерали како што се цинк и селен, се поврзува со појавата на акни кај некои лица. Семките од тиква и бразилските ореви се добра и здрава ужина која ќе ви помогне во борбата со акните. Селенот помага за зголемувањето на бројот на белите крвни клетки во телото и ја зајакнува нивната одбранбена моќ, додека витаминот Е, бакарот, магнезиумот, манганот, калиумот, калциумот и железото се неопходни здравјето и функцијата на кожата.

Домати

Доматите се богати со витамин Ц, кој помага во производството на колаген, а колагенот  ја подмладува кожата и ја одржува цврста и затегната.  Ликопенот кој го содржат доматите ја стимулира циркулацијата во кожата.

намирници против акни

Јајца

Жолчките од јајцата изобилуваат со селен, цинк и витамини, а белката со протеини кои помагаат за чиста кожа.

Овесно млеко

Овесното млеко е содржи растителни влакна, лактоза, витамин Е кои го поддржуваат здравјето на кожата. Може да го нанесете на лицето, вратот и градите.

Лук

Секое чешне лук ја содржи состојката алицин кои се бори со штетните бактерии и вируси кои можат да бидат причинители за појава на акни и други кожни заболувања.

Зелен чај

Антиоксидансите кој ги содржи зелениот чај ќе  ви ја подобрат вашата кожа. Доколку имате проблем со акните, консумирајте го редовно.

Брокула

Антиоксидансите како витамин А,Б,Ц,Е и К помагаат за побрзо зараснување на оштетеното ткиво, додека омега 3 масните киселини, калциумот, го подржуваат правилното функционирање на клетките на кожата.

Вода

Еден од најдобриот, најевтиниот и ефективен начин, да ги исфрлите токсините од телото и да ја одржите кожата чиста, е водата. Следете ги препораките и секојдневно пијте 8 чаши вода.

Клучни зборови:

Сподели: