8 намирници против надуеност 1

8 намирници против надуеност

Надуеност е често застапена стомачна тегоба, а при тоа чувството во стомакот е тешко во вид на полн и надуен стомак, и можат да се јават гасови, подждригнување или болка. Природните средства како што е ѓумбирот и циметот помагаат, а подолу ќе дознаете повеќе за тоа.

Всушност, надуеноста е последица која се јавува поради гасови во органите за варење. За тоа може да постојат повеќе причини, од полесни до потешки, како што се дебелина, прејадување, голтање воздух, запек, киселини во желудникот. Но, има и некои кои се сериозни како што е синдром на раздразливи црева, целијакија, слабост на панкреасот или рак на јајниците. Затоа, доколку често имате гасови, добро би било да го консултирате својот лекар и да направите основни анализи.

При појава на надуеност поради полесни пореметувања, храната може да биде значајна помош и да помогне во отстранувањето на проблемот.

8 намирници против надуеност 2

Листа на намирници против надуеност

Ѓумбир. Содржи луткасти компоненти шогаол и џинџерол, кои ги опуштаат мускулите на органите за варење и ја намалува нелагодноста. Грицнете малку свеж ѓумбир или испијте чај од ѓумбир и мед. Можете и да делувате превентивно така што ќе грицнете малку свеж ѓумбир пред оброкот или ќе се напиете малку ѓумбир во прав разматен во малку вода.

Цимет. Циметот спречува формирање на гасови во стомакот. Во чаша млеко растворете до половина лажиче цимет и тоа да го пиете на 2-3 пати во еден ден.

Чај од камилица. Одамна е познато дека камилицата олеснува стомачни тегоби. Го смирува стомакот, опушта од грчеви и ги ублажува воспаленијата на слузокожата предизвикани од киселините на желудникот.

Нане. Има антиспазматичен ефект, па ги ублажува грчевите во дигестивниот систем, вклучувајќи ги и жолчните канали, жолчката, желудникот и цревата, затоа и помага. Можете да испиете чај од нане или да изџвакате неколку свежи листови нане.

Лук. Можеби ви е чудно, но лукот помага. тој го поттикнува варењето на храната, а истовремено ја намалува количината на гасови во органите за варење.

Банана. Ова е една од најздравите овошки за целиот организам. Посебно е добра за органите за варење бидејќи содржи доста слуз кој ја штити слузокожата на желудникот и цревата од иритации. Содржи и калиум кој ги опушта мускулите, па јадењето банана сигурно ќе помогне против гасовите.

Лимон. Лимонот го поттикнува лачењето на желудочниот сок што го забрзува процесот на варење на храната. Освен тоа, богат е рибофлавин, витамин Б и Ц, калциум и фосфор, кои помагаат да се елиминираат отпадните материи од органите за варење и цело тело. Млака вода со лимон наутро ќе ви помогне против гасови, кликнете тука да прочитате повеќе.

Кардамон. Овој ароматичен егзотичен зачин помага за подобро варење и за опуштање на мускулите на дигестивниот систем. Купете кардамон во зрно и по оброкот изгрицкајте неколку од нив.

Ви препорачуваме да прочитате: Ослободете се од надуеност и гасови во стомакот.

Сподели: