8 препораки за трајно ослободување од стомачните масти

8 препораки за трајно ослободување од стомачните масти

Ако има нешто што е навистина тешко и бара многу упорност и трпение, тоа се навистина непосакуваните стомачни масти кои „измачуваат“ огромен број луѓе. Нивното отстранување е многу тешко и претставува долготраен процес за кој е потребно да се променат навиките од секојдневието. Па, ако и вие се соочувате со вишок на стомачни масти, во продолжение прочитајте ги нашите препораки и совети, и бидете чекор понапред до посакуваната цел!

Препораките кои помагаат трајно да се ослободите од непријатните стомачни масти се следните:

Започнете го денот со лимонов сок

Ова е една од најдобрите „терапии“ за елиминирање на мастите. Уште подобро е ако исцедениот лимон го измешате со чаша млака вода и доколку можете да го поднесете вкусот, додајте прстофат сол. Пијте ја оваа течност секое утро и ќе ги забележите ефектите во забрзаниот метаболизам, што и тоа како помага во ослободувањето од непосакуваниот стомак.

8 препораки за трајно ослободување од стомачните масти

Намалете го внесот на бел ориз и бел леб

Наместо тоа, во вашата исхрана внесувајте повеќе кафеав (интегрален) ориз, интегрален леб, целозрнеста храна и житарки, овес и киноа. Избегнувајте слатки и мрсни храни. Воздржувајте се од слатки, засладени пијалаци и храна богата со заситени шеќери и масти. Консумирањето на оваа храна може да доведе до наталожување на масти во телото, а посебно во пределот на стомакот и колковите.

Јадете многу овошје и зеленчук

Јадете 3-5 оброци дневно и вашето тело ќе биде снабдено со антиоксиданси, минерали и витамини, кои се неопходни за добро здравје. За да ги задоволите потребите на организмот со витамини и минерали, потребни ви се и добро балансирани оброци.

Пијте многу вода

Пијте доволни количини на вода кои ќе му овозможат правилна и забрзана работа на вашиот метаболизам, исфрлање на фекалните материи во нормални интервали и што е многу важно, отстранување на токсичните материи од вашето тело.

Јадете свеж лук

Доколку јадете 2-3 чешниња лук секое утро и пиете чаша сок, подготвен од пресно цеден лимон и вода, треба да знаете дека со таков третман ќе постигнете двојно намалување на телесната тежина од обично, а исто така ќе имате подобра циркулација на крвта.

Избегнувајте храна која не е растителна

Ако сакате да ги елиминирате мастите кои се наталожиле на стомакот, препорачливо е што повеќе да ја избегнувате животинската храна.

Додајте зачини во вашата исхрана

Употребувајте што повеќе цимет, ѓумбир и црна пипер при готвењето. Освен што изобилуваат со здравствени придобивки, овие зачини му помагаат на организмот да го регулира нивото на шеќер во крвта, а со тоа се регулира и чувството на глад, посебно онаа емотивна глад која и тоа како придонесува кон непосакувани килограми.

Ви предлагаме да прочитате: 7 напитоци за слабеење и фит тело.

Сподели: