висок притисок 1

8 совети кои ќе ви помогнат при висок крвен притисок

Високиот крвен притисок или хипертензија е честа здравствена состојба која се среќава кај 60% од луѓето на возраст над 65 години. Треба да се обрне големо внимание на оваа тема затоа што високиот крвен притисок претставува прикриена и сериозна закана за здравјето.

За крвниот притисок се смета дека е висок кога се измерени над 90/140 ммHg. А факторите го зголемуваат ризикот за појава на висок крвен притисок се:

  • Прекумерна телесна маса
  • Изложеност на долготраен стрес
  • Пушење
  • Исхрана богата со масти.

Опасноста која се јавува од високиот крвен притисок е ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и срцев удар. Добрата вест е дека со неколку чекори може да ја превенирате појавата од висок крвен притисок со здрав начин на живот и исхрана.

висок крвен притисок

Храна која помага за намалување на високиот крвен притисок

Витаминот Ц ги штити крвните садови

Витаминот Ц учествува во градбата на колагенското ткиво во крвните садови, така што ги прават силни и отпорни, а истовремено штити од појава на стеснувања на артериите и висок крвен притисок. Затоа редовно консумирајте свеж магдонос, цитрусни плодови, црвени пипери, црвена и црна рибизла.

Храната богата со магнезиум го намалува покачениот крвен притисок при стрес

Магнезиумот делува релаксативно врз нервниот систем, така да го намалува зголемениот притисок кој се јавува под дејство на стрес. Најдобри извори на магнезиум се зелениот лиснат зеленчук, јаткастите плодови и семиња.

Антиоксидансите од овошјето и зеленчукот ги неутрализираат штетните радикали

Антиоксидансите кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот со силна боја, ги штитат крвите садови од оштетувања кои ги предизвикуваат штетните радикали. Затоа се препорачува да консумирате храна богата со антиоксиданси како: црвени и портокалови пиперки, моркови, грашок, брокула и сладок компир.

Совети за намалување на крвниот притисок

За да го решите проблемот со високиот крвен притисок, покрај советите од вашиот лекар, се препорачува да ги следите следните совети:

  • Намалете ја количината на сол која ја ставате во храната.
  • Намалете го внесувањето на црвено месо, а наместо тоа почесто консумирајте пилешко месо и риба.
  • Изберете ниско масно сирење и намалете го внесувањето на високо масно сирење.
  • Намалете го внесувањето на чај и кафе.
  • Намалете го внесувањето на алкохол.
  • Потрудете се со примена на здрави навики да го намалите вишокот на килограми.
  • Одржувајте здрав индекс на телесна маса.
  • Намалете го стресот.

Сподели: