стрес

9 намирници против стрес

Некои го нарекуваат болест на модерното време, но никој не може да негира дека тој е се повеќе присутен кај луѓето. Свесни сме дека стресот е голем непријател на здравјето и убавиот изглед, а многумина го прифаќаат како нешто нормално и не се обидуваат да го намалат неговото штетно дејство. Но, секојдневното изложување на голем стрес, допринесува за појава на негативни последици врз здравјето.

Постојат голем број различни начини за намалување на напнатоста, а важен дел од нив е изборот на храна. Прочитајте ја оваа листа на храна која со редовно консумирање гарантирано го намалува стресот и неговите ефекти.

Целер

Целерот има широк спектар на смирувачки ефекти. Истражувањата покажале дека консумирањето на четири стебленца целер на ден, може да го намали крвниот притисок, кој е еден од првите симптоми дека сте под стрес.

Лук

Лукот се користи илјадници години, поради неговите силни антибактериски, антивирусни и антидепресивни својства. Овие негови својства помагаат да се намали воспалението, позитивно влијаат на циркулацијата, помагаат во одржувањето на рамнотежата на шеќерот во крвта и ја поттикнуваат детоксикацијата на организмот. Сите овие горенаведени проблеми се симптомите на стресот.

стрес

Лиснат зеленчук

Во овој вид на зеленчук се вклучуваат: брокулата, карфиолот, зелката, кељот, кинеската зелка и ренот. Овие типови на зеленчук содржат сулфурни соединенија кои ги стимулираат ензимите во телото, кои се значајни за стопирање и спречување на проширувањето на канцерогените промени.

Мрсна риба

Сите видови на масни риби, како скушата, сардината, лососот, пастрмката и сардините, се богати со омега 3 масни киселини, магнезиум и цинк кои имаат корисен ефект врз функцијата на мозокот, здравјето на срцето и ги намалуваат непосакуваните ефекти од стресот.

Камилица

Познато е дека чајот од камилица помага при несоница, нервоза и стомачни проблеми. Камилицата, исто така, го зголемува нивото на хипурната киселина која ги спречува инфекциите (истата супстанца може да се најде во брусница и боровинка).

Чоколадо

Уште пред Европејците да почнат да додаваат шеќер во чоколадото, Ацтеките го прославувале горчливото какао, заради неговото позитивно здравствено влијание. Истражувањата покажаа дека 40 грама темно чоколадо на ден, помага да се справиме со стресот, така што го ослободува хормонот на среќа во мозокот, познат како бета-ендорфин.

Јаткасти плодови

Овие плодови се полни со витамини Б, цинк, магнезиум и омега 3 масни киселини, хранливи материи кои се согоруваат при голема вознемиреност. Како извор на здрави масти, јаткастите плодови го намалуваат апетитот, природно ги балансираат шеќерите во крвта, ја намалуваат желбата за благо и му помагаат на метаболизмот.

Маслиново масло

Маслиновото масло е главната состојка во медитеранската исхрана. Докажано спречува појава на депресија и помага при воспаление. Постојат докази дека маслиновото масло штити од оксидативен стрес, која е основната причина за болести на срцето.

Бобинки (малинки, боровинки)

Бобинките се богати со антиоксиданси кои ја помагаат циркулацијата, функцијата на мозокот и спречуваат предвременото стареење на кожата, што често се случува како резултат на хроничен стрес. Бобинките содржат највисоко ниво на елегични киселини, материи кои помагаат во отстранување на токсините од телото, го регулираат холестеролот и хормоните кај жените.

Ви предлагаме да прочитате: Храна која помага при депресија и лошо расположение.

Сподели: