9 најдобри извори на калциум за силни коски и цврсти заби 1

9 најдобри извори на калциум за силни коски и цврсти заби

Калциумот е неопходен минерал за  силни коски и цврсти заби, помага во изградбата на мускулната маса и ја помага работата на мозокот. И спротивно од мислењето на многумина, не се наоѓа само во млечните производи, калциум има и во многу други намирници!

За да ги задоволите потребите на телото со овој минерал, можете да уживате во овие повеќе намирници. Погледнете ја листата која ви ја припремивме!

9 најдобри извори на калциум за силни коски и цврсти заби 2

Бел грав

Тој е добар извор на калциум, па слободно може да го да го додавате во салатите, да правите вариво или намаз кој е сличен како хумусот.

Сардини

Сардините се одличен извор на омега 3 масни киселини, витамин Д и калциум. Оваа евтина риба, која е присутна насекаде има минимална содржина на маснотии и треба да се јаде барем 1-2 пати неделно.

Сушени смокви

Тие се идеална ужинка, бидејќи го осигуруваат телото со растителни влакна, антиоксиданси, но и калциум.

Кељ

Кељот е прехранбена намирница со висок процент на хранливи материи, меѓу кои и калциум.

Бадеми

Посегнете по бадеми, секогаш кога и да ви е потребна ужинка или грицки. Тие се богати со калиум, витамин Е, железо и калциум.

Портокали

Портокалите се добар извор на витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот, а содржи и значајни количини на калциум кој ги зајакнува коските и забите. Најдобро јадете ги свежи.

Сусам

Семките на сусамот не се само украс за лебот и печивата. Тие се енергетска бомба богата со хранливи материи, помагаат во снижување на крвниот притисок и намалување на воспаленијата. Покрај другото содржат и калциум.

Тофу

Тофу е вегетаријанска алтернатица на сирење, кое се прави од мелена и варена соја, а е одличен начин за оброкот да го збогатите со протеини и калциум, а и мали количини на масти.

Алги

Алгите се одличен извор на калциум. Можете да ги комбинирате во рижото или во варива.

Ви препорачуваме да прочитате: Калциум за силни и здрави коски.

Сподели: