9 совети за подобро варење на храната 1

9 совети за подобро варење на храната

Ретко кој може да се контролира безгранично долго и да внимава на исхраната бесконечно долго. Тоа е посебно тешка задача за време на празници, свечености, прослави, забави. Па, бидејќи има многу луѓе кои се соочуваат со тешко варење, во оваа прилика ви припремивме 9 совети за подобро варење на храната и подобар метаболизам.

Ако спаѓате во оние кои „патат“ од лошо варење на храната, подуеност на стомакот, забавен метаболизам, треба да ги прочитате овие совети.

8 совети за подобро варење на храната 2

Немојте да пиете течности на секоја голтка

Течноста која ја внесувате во организмот дополнително ги разблажува природните ензими кои се неопходни за разградување на храната, а посебно на калоричната и потешка храна, како што често се служи при разните свечености и прослави. Пробајте извесен период да внесувате повеќе, но помали оброци, затоа што така организмот полесно ќе се справи со варењето на храната. Доколку пак сакате да ослабнете, внесувајте храна што повеќе можете во вид на 3 стандардни оброци, а измеѓу нив не поткаснувајте. За да го решите во овој случај лошото варење на храната, пијте доволно вода помеѓу оброците, а како дел од нив јадете повеќе зеленчук, а помалку од другите намирници кои се сметаат за потешки. Не ја заборајвајте физичката активност, барем умерена. Па, истражете што е најдобро за вас и тоа применувајте го.

Може да ве интересира: Со физичка активност до подобро здравје.

Бавно џвакајте

Пробајте храната да ја џвакате добро и внимателно. Тоа не само што ќе го подобри варењето, туку и подобро ќе го чувствувате вкусот на храната. Со џвакањето се ослободуваат ензимите кои се неопходни за варење на храната, со што процесот станува полесен.

Јадете порано и не се „преполнувајте“ пред спиење

На вашето тело му е потребно одредено време да ја свари целата таа храна. Ако легнете кратко време по јадењето, може да ви се појави ждригање и отежнато варење.

Не прескокнувајте го појадокот

Прескокнувањето на оброците не е разумна одлука, а посебно не прескокнувањето на појадокот. Нашето тело гладувало осум часа за време на спиењето и затоа наутро има потреба од храна. Ако не го обезбедите организмот со хранливи состојки во првиот час од будењето, наместо од храната, телото ќе „влечи“ енергија од мускулите, што никако не е добро. Со прескокнување на појадокот, се оневозможува правилна работа на метаболизмот, а и можноста да ги согорува калориите, односно правилно да ја користи енергијата.

Кога сме кај изборот на балансиран појадок, а истовремено брз и едноставен за подготовка, можеме да ви ги препорачаме SLC Meal Replacement шејковите кои ги има во три вкуса: јагодаванила и чоколадо. Оброците приготвени со SLC Meal Replacement овозможуваат избалансиран внес на хранливи материи (протеини, јагенихидрати, витамини и минерали). Покрај тоа имаат и неколку придобивки: контролоиран оброк од 200 калории, подршка на имуниот систем, намален внес на храна (намалена желба за брза храна), намалување на апетитот, постигнување на нормалната телесна тежина, здрав дигестивен систем, повеќе енергија, низок гликемиски индекс. За повеќе информации и нарачки посетете ја онлајн продавницата или јавете се на телефонските броеви 078 215 929 и 02 270 0028.

Пробајте да не јадете кога сте под стрес

Ако сте под стрес пробајте да го одложите оброкот за малку подоцна кога ќе сте поопуштени. Така е поголема веројатноста дека ќе размислите колку храна ви е доволно, отколку само да ставате во устата додека не почувствувате тежина. Обидете се да го разликувате физичкиот од емоционалниот глад!

Јадете повеќе ферментирана храна

Редовно внесувајте јогурт, кефир, а кога можете консумирајте чај од комбуха и кисела зелка. Добрите бактерии кои природно се наоѓаат во овие намирници го подобруваат варењето и балансот на цревната микрофлора.

По потреба земајте пробиотски суплементи

Ова може да биде најпотребно за време на празничните гозби кога храната е помрсна и потешка. Земете на празен желудник една капсула пробиотик, ќе ви ја подобри активноста на цревата и дигестијата.

Зачинувајте ја салатата со јаболкова киселина

Салатите со јаболкова киселина можат да ви бидат главен сојузник за подобро варење. Јаболковата киселина го стимулира производството на хлороводородна киселина, чие присуство е важно за варењето на протеините. Ова е добар совет, освен ако имате чир на желудник, тогаш треба да ја избегнувате.

Пијте чај од нане или ѓумбир

И двата чаеви се покажале како ефективни за дигестивниот систем, а се препорачува да ги пиете помеѓу оброците.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 совети за добро варење на храната.

Сподели: