9 намирници за снижување на холестеролот во крвта

Покачен холестерол во крвта е еден од најчестите здравствени проблеми на денешницата. Покрај изоставањето на физичката активност која индиректно помага во негово намалување, ве потсетуваме дека храната одигрува важна, а можеби и клучна улога. Прочитајте кои намирници помагаат за снижување на холестеролот во крвта.

За вечера јадете лосос, за ужина мал грст ореви, а во салатата додајте маслиново масло. Ако имате желба за благо изберете темно чоколадо со што повеќе какао и не се грижете бидејќи овие намирници помагаат за снижување на холестеролот во крвта. Еве ја листата на останата храна која е од помош при проблем со холестеролот.

9 намирници за ниско ниво на холестерол во крвта

Овес

Слободно вклучете овес во појадокот. Овесот помага во намалување на лошиот (ЛДЛ) холестерол и тоа за 5,3 % за период од 6 недели. Тоа се должи на супстанцијата наречена бета-глукан која го апсорбира лошиот холестерол.

Црвено вино

Ова е уште една причина да се напиете чаша црвено вино. Две чаши неделно се идеална количина за црвеното вино да може да го стори најдоброто за вас.

Лосос и други масни риби

Лососот изобилува со омега 3 масни киселини и претставува чудесна храна која на природен начин го подобрува здравјето и помага во спречување на срцев напад, срцев удар и високо ниво на холестерол во крвта. Други корисни риби се сардините и харингите.

Ореви

Мононезаситените масти кои се наоѓаат во оревите и семенките имаат најниско ниво на масни киселини и се најдобри од трите видови на масти (полизаситени, заситени и монезаситени масти). Оревите се здрав начин за внесување на потребните здрави масти во организмот, без чувство на вина, а бидејќи станува збор за растителни, природни и хемиски необработени масти, хранливи се и одлични за здравјето на срцето.

Мешунки

Мешниките се одлични за срцето, а се јадење кое лесно се вклопува во разни комбинации, супи и главни јадења. Се смета дека помагаат до 8 % во намалување на лошиот холестерол, а посебно се препорачува црн грав и бел грав.

Чај

Чаевите содржат антиоксиданси и помали количини на кофеин, споредено со кафето. Една шолја чај содржи само 30-40 мг, додека во кафето има околу 135  мг кофеин. Чајот содржин фитохемикалии кои им пружаат заштита на коските и е заштитник на организмот од лошиот ЛДЛ холестерол.

Чоколадо

Разумна доза на темно чоколадо е корисна за организмот. Чоколадото е полно со антиоксиданси и сосројки кои го намалуваат холестеролот. Се смета дека антиоксидансите во темното чоколадо ја намалуваат штетата која може да настане на крвните садови и ја намалува дополнителната штета која може да го загрози здравјето на луѓето кои патат од цироза.

Спанаќ

Со право попај морнарот бил изграден како лик кој симболизира сила на мускулите која доаѓа од спанаќот. Се верува дека спанаќот содржи околу 13 флавоноидикои го чуваат организмот од рак, срцеви болести и остеопороза.

Маслиново масло

Маслиновото масло е многу корисно за здравјето. Содржи моно-незаситени масни киселини кои го снижуваат лошиот холестерол и триглицеридите, без да го поремети балансот на добриот холестерол. Постои во разни варијанти, екстра девствено кое е најдобро, девствено, чисто итн.

Ви препорачуваме да прочитате и 7 совети за силен имунитет и добро здравје.

Сподели: