9 намирници кои треба да ги јадете при грип и настинка

Постојано внимавате на себе, убаво се облекувате, редовно ги миете рацете, проветрувате, се одмарате, избегнувате гужви, но сепак грипот и настинката не ве избегнале?  Досадните симптоми на грип и настинка може да се појават кога најмалку ги очекувате и да ви причинат дополнителна нервоза. Никој не сака да се разбуди со затнат нос и болно грло, но вирусите не чекаат покана.

При тоа, не е сеедно што ќе јадете за време на грип и настинка. Правилниот избор на храна може да ви помогне за намалување на симптомите, да го олесни дишењето, да ви даде повеќе енергија…

Сладолед

Можеби изгледа чудно, но во западните земји, јадењето на сладолед при грип и настинка го препорачуваат лекарите. Сладоледот може да ви помогне при болка, сувост или оток на грлото. Исто така, тој ќе ви помогне да бидете хидрирани, додека се борите со грипот. Најдобро е да изберете сладолед направен од 100% на овошен сок кој ќе ви даде хранливи материи, без притоа да внесувате дополнителен шеќер. Најдобро да купите или направите сок од овошје и да го замрзнете.

Исто така, не заборавајте да пиете многу течности, особено ако имате секрет и отежнато дишење.

Топол чај

Пијте зелен, црн или чај од ехинацеа кои ќе ви дадат антиоксиданси. Во чајот додајте една мала лажичка мед и цеден лимон, кои ќе ви помогнат за ублажување на болката во грлото. Исто така, изберете еден од 3-те најдобри чаеви кои го зајакнуваат имунитетот. Ако имате проблеми со кофеинот, изберете хербални чаеви кои немаат кофеин. Покрај тоа, пробајте да ја дишете нивната пареа која ќе ви помогне при затнат нос.

грип и настинка

Сендвич со мисиркино месо

Сигурно апетитот ви е многу намален при грип и настинка, но мора да се јаде. Направте си сендвич со мисиркиното месо. Тоа е составено од чисти протеини, кои се важен дел на здравата исхрана. Можеби не ви е омилен, но овој сендвич ќе му ја даде потребната енергија на телото за да се бори со болеста.

Сок од зеленчук

Кога сте болни од грип, сигурно немате енергија за правење и јадење на салати, па затоа најдобро е да се напиете сок од зеленчук кој има мал процент на сол. Сокот ќе ви даде антиоксиданси кои ги стимулираат имуниот систем, а со тоа телото ќе може полесно да се избори со вирусите. Најдобар избор е домашната домата која не содржи конзерванси.

А ако немате желба да се напиете сок од зеленчук, ви предлагаме да изберете 100% сок од овошје.

Пилешка супа

Експертите сметаат дека супата може да ги олесни симптомите кои се појавуваат како резултат на грипот или настинката. Таа помага за да ги добите потребните течности и ве освежува. Некои научни истражувања покажале дека пилешката супа може да ви помогне за побрзо закрепнување. Топлата пилешка супа е корисна при течење на носот и помага во борбата со бактериите и вирусите.

Лук

Лукот можеби не е добар за вашиот здив, но сигурно е добар за вашето здравје. Лукот е природен антибиотик и е добар избор како зачин за супата. Тој помага за подобрување на имуниот систем и е одличен за олеснување на дишењето.

Супстанцијата алицин која е присутна во лукот има антибактериско и антивирусно дејство. Најдобро е лукот да го консумирате свеж, а не готвен. Дознајте зошто се препорачува лук наместо аспирин за силен имунитет во зима.

Ѓумбир

Се верува дека ѓумбирот може брзо да ја излечи настинката и да ја намали главоболката. Исто така, тој го затоплува телото и ја подобрува циркулацијата. Ѓумбирот е многу лековит при болки во желудникот и гадење. Некои истражувања имаат потврдено дека тој помага во борба со воспаленијата. Најдобро е да го користите свеж, но како добар избор кој е полесно достапен е ѓумбирот во прав. Може да го додадете во јадењата или да си направите чај од ѓумбир.

Банана

Бананите се лесно сварлива храна, па штом имате грип исечете ја на парчиња, испасирајте ја или јадете ја цела. Тие се добар избор при гадење, повраќање и дијареја. Дознајте кои се 5-те состојби кога е подобро да изберете банани отколку лекови.

Печен леб

Топлиот печен леб или крекерите се добар избор штом сте болни. Послужете го со пилешка супа.

Ви предлагаме да прочитате: Домашни бонбони против болка во грлото и настинка.

Сподели: