придобивки од ананасот

9 неверојатни здравствени придобивки од ананасот

Ананасот е многу вкусно, сочно тропско овошје кое има поголем број на здравствени придобивки и е одличен извор на хранливи материи. Истражувањата покажале дека ананасот може да превенира одредени заболувања, да го намали холестеролот, да го подобри варењето на храната, да го зајакне имунитетот, а има и позитивен ефект при стерилитет. Деветте најзначајни придобивки од ананасот:

Го подобрува видот

Ананасот е богат со витамин А и бета каротен, кои ги штитат очите, помагаат против макуларна дегенерација, катаракта (перде) и ноќно слепило. Доколку имате проблеми со очите, важно е да ја внесувате оваа храна која помага за добар вид.

ананас придобивки

Го зајакнува имунитетот

Доколку изедете една чаша свеж ананас ќе задоволите 131% од дневните потреби на организмот за витамин Ц. Витаминот Ц го зголемува бројот на белите крвни клетки кои што се најсилните борци против настинка и грип.

Ја подобрува циркулацијата

Слаткото тропско овошје содржи бромелин, калиум и бакар кој го прават супер храна која се препорачува кај лица со слаба циркулација. Овие минерали го зголемуваат бројот на црвените крвни клетки, транспортот на кислородот во ткивата и за забрзуваат циркулацијата. Прочитајте како може да ја подобрите слабата циркулација на крвта.

Ананасот е природен антивоспалителен лек

Докажано е дека бромелинот кој се наоѓа во ананасот може да го намали воспалението во организмот. Хроничното воспаление може да доведе до поголем број на заболувања, па затоа консумирајте повеќе ананас.

Помага за слабеење

Благодарение на малиот број на калории кои ги содржи, ананасот се препорачува во исхраната кај лица кои имаат вишок на килограми. Повеќе за тајната на слабеењето, дознајте тука.

Го хидрира организмот

Речиси 87% од содржината на ананасот ја сочинува водата, а тоа го прави одличен извор за хидратација на организмот. Внесувањето на соодветна количина на вода е добро за побрзо излачување на токсините, поеластична кожа и подобро варење на храната.

Го подобрува варењето на храната

Големата количина на растителни влакна, вода и бромелин го прават ананасот одличен избор за добро варење. Докажано е дека бромелинот помага за полесно разградување на мастите и протеините, а растителните влакна овозможуваат редовно празнење на телото.

Добар е за коските и забите

Манганот е есенцијален минерал кој е значаен за здрав коски, а може да се најде во големи количини во ова егзотично овошје. 1 чаша ананас задоволува 158% од дневните количини за манган, кој ги зајакнува коските. Дознајет како може со правилна исхрана да имате поздрави коски.

Помага при стерилитет

Ананасот содржи многу значајни хранливи состојки кои се корисни при стерилитет кај мажи и жени. Тој е богат со железо, калиум, фолна киселина, цинк, магнезиум и бета каротен, кои освен што ја подобруваат циркулацијата и делуваат како афродизијак, исто така нудат извонредна поддршка во напорите да се креира семејство.

Ви предлагаме да прочитате: Ананас за брзо намалување на килограмите.

Сподели: