9 лесни и посни рецепти со компири

Не еден, туку 9 посни рецепти со компири за сите гурмани! Лепчиња, пита, ќофтиња и прилози со компири приготвени од вредните раце на авторите на Сѐ за храна. Кој рецепт да го изберете, нема да погрешите. А ако ви допаѓа изборот на рецепти, споделете го вашите пријатели.

Посни лепчиња со компир и маслинки

Одлични се топли, а и ладни, премеки се! Малечки или големи, вие ќе одредите колкави сакате да бидат, важно е што со нивниот избор на состојки овие посни лепчиња со компири и маслинки се многу вкусни.

Посна компир пита во тава

Ајде да пробаме малку поинаква пита спремана во тава! Лесна е за јадење, а вкусот одличен, лесен и богат истовремено. Добро е што вака припремената посна пита во тава може да се јаде, секогаш и секаде дури и за време на пости. Рецептот прочитајте го тука.

Рецепт за посни топчиња од компири

Специјално за сите обожаватели на превкусните компирчиња и за сите кои сакаат да уживаат во дружбите и мезењето со пријателите, овој пат припремивме нов рецепт за неодоливи и посни топчиња од компири. Директно од нашата кујна, не пропуштајте да ги пробате!

посни рецепти со компири

Зачинети компири со грашок

Еве уште еден здрав рецепт кој се приготвува лесно и едноставно. Од кујната на Невена ни доаѓа вкусно јадење за зачинети компири и грашок, приготвени со најздравите зачини како куркума, кари, магдонос и ким. Посно, вегетаријанско и не содржи глутен! Рецептот прочитајте го тука.

Посни плескавици од компири

Директно од нашата кујна, специјално за сите кои обожаваат посна храна или едноставно го сакаат вкусот на вегетаријанските рецепти. Не пропуштајте да ги пробате нашите посни плескавици од компири!

Посни ќофтиња од компири и ориз

Изгледот на овие посни ќофтиња од компири и ориз, сигурно ќе ве примами при првата прилика да ги направите и да уживате во дегустацијата заедно со семејството и пријателите. Рецептот прочитајте го тука.

Печени компири со лук и рузмарин

Ако барате идеја за посно јадење или прилог ви предлагаме да направите печени компири со лук и рузмарин. Прекрасната арома на рузмаринот и лукот го наполнуваат вкусот на компирите. Рецептот прочитајте го тука.

Печени компири на медитерански начин

Сите обожаваме крцкави компири во комбинација со салата или доматен сос. Голем број од нас, компирите ги приготвуваат со пржење, а припремени на овој начин содржат многу калории и не се здрави за консумација. Рецептот за печените компири на медитерански начин, прочитајте го тука.

Вегетаријански прилог од варени компири со зачини

Посно, вегетаријанско и без глутен! Ако сте љубител на едноставни и брзи рецепти, ви предлагаме да го пробате овој прилог од варени компири со зачини. Рецептот прочитајте го тука.

Ви предлагаме да прочитате: 15 најдобри посни рецепти за кифлички, лепчиња и пити.

Сподели: