9 природни начини за намалување на болките во колената

Со болки во колената не се соочуваат само повозрасните лица, туку сѐ почесто се јавуваат и кај помладата популација. Тие може да бидат акутни и остри или пак долготрајни и слаби. Се појавуваат како резултат на повеќе причини меѓу кои: повреди, хируршки интервенции, недостаток на витамини, артритис на зглобовите, лоша исхрана и слично. Во продолжение ви претставуваме 9 природни и ефикасни начини за намалување на болките во колената, кои секому би му биле од корист.

Вклучете ги морковите во исхраната

Моркови се познати како стар кинески лек за лекување на болката во колената и зглобовите. Тие се корисни за добро здравје на лигаментите и за смирување на болките. Доколку имате проблеми со колената, направете салата со моркови. Земете два моркови и изрендајте ги. Зачинете ги со маслиново масло, сол и сок од лимон.

болка во колената

Пијте повеќе вода

Доволната количина на вода во телото е корисна за ублажување на ‘рскавицата околу коленото и за нејзина хидратација. Водата помага и во одржување на добрата циркулација на крвта. Тоа им овозможува на хранливите материи полесно да стигнат до зглобовите. Пиењето на вода помага во отстранувањето на токсините од зглобовите и на тој начин влијае на олеснување на болката во коленото.

Може да ве интересира: Пијте вода, дури и ако не сте жедни!

Консумирајте повеќе кромид

Кромидот поседува антивоспалителни својства поради фитонутриентите кои ги содржи. Го зајакнува имунитетот, а блаогодарение на сулфурните соединенија кои ги содржи, помага за намалување на болките во организмот.

Направете масажа на болното колено

Нежно масирајте го коленото со топло масло за да го намалите воспалението, да ја зголемите циркулацијата и да ги опуштите мускулите. Можете да си припремите домашна паста за масажа со 2 лажици сенф и 5 чешниња ситно сечкан лук. Смесата ставете ја во мал сад да се загрее. Млаката паста од сенф нанесете ја на колената и оставете ја да делува додека почувствувате намалување на болката.

Вежбајте јога

Штом ви се смирила акутната болка во колената, време е да започнете со лесни вежби. Изберете јога, пилатес или пливајте. Редовното вежбање ќе ви помогне за намалување на болките.

Користете кокосово масло за масажа

Кокосовото масло ја стимулира циркулацијата на крвта и на тој начин поволно влијае за намалување на болките во колената.

Пијте златно млеко со куркума

Ова е еден од најдобрите и најпопуларните индиски лекови за лекување на секаков вид болка. Измешајте 2 лажици куркума во една чаша млако млеко. Овој напиток пијте го секој ден за да си олесните болката. Дознајте како може да си направите златно млеко за опоравување на половината, подобро здравје и подвижни зглобови.

Зголемете го внесот на магнезиум

Магнезиумот може да ги релаксира мускулите и нервите, да ја отстрани вкочанетоста и да ја намали болката. Затоа јадете храна која е богата со магнезиум. Добар природен извор на магнезиум се лиснатиот зеленчук, оревите и гравот.

Масирајте ги зглобовите со ладно цедено маслиново масло

Маслиновото масло ги подмачкува зглобовите и ја смирува болката предизвикана од артритис. Маслото содржи олеокантал кој може да ја намали болката во погодената област. Секој ден, масирајте ги зглобовите со маслиново масло.

Ви препорачуваме да прочитате: Болка во коленото – како да ја надминете брзо и природно.

Сподели: