Замислете, воопшто не е сложено како што изгледа! Само погледнете го ова кратко видео и откријте ја тајната како преку едноставни потези да свиткате салфетка во форма на маичка. Нели вашата трпеза би била прекрасна со вака убава декорација?
Сѐ што ви е потребно се салфетки во различна боја и малку време, а ви гарантираме дека ќе се забавувате при изработката на вашите мали креативни дела.
Техника за виткање на салфетки во форма на маичка
- Земете една салфетка и отворете ја. Започнете така што краевите на салфетката ќе ги свиткате кон центарот.
- Потоа, двата спротивни краеви на салфетката превитајкте кон центарот, со што ќе добиете форма на правоаголник. Пожелно е при секое виткање, да ги притиснувате рабовите, за што подобро да се изрази и задржи формата.
- Откако ќе ги свиткате краевите, внимателно свртете ја салфетката од спротивната страна и повторно завиткајте еден до два сантиметри од долниот дел кон центарот.
- Потоа салфетката свртете ја од другата страна, така што превитканиот крај треба да биде на горниот дел.
- Горните краеви малку свиткајте ги кон внатрешноста со што ќе ги добиете јаките на маичката, а долните краеви свиткајте ги кон надворешната страна.
- Долниот дел на салфетката свиткајте го на половина и поставете го под јаките на маичката.
За најдобро разбирање на техниката, секако погледнете го видео приказот, вежбајте и имајте прекрасни декорации на вашата трпеза.