Празнична плетенка – венец со суво грозје

Секоја домаќинка со голема желба ја припрема празничната трпеза, па затоа најубавите рецепти се добредојдени. Пребарувајќи низ интернет, го пронајдовме овој интересен рецепт за празнична плетенка – венец со суво грозје која има декоративен изглед и одлично би се вклопила на секоја свечена трпеза.

Постапката за правење на плетенката е лесна, а може да ја погледнете на следното видео. Наведените состојки во рецептот се доволни за две плетенки.

Состојки:

  • 2 шолји брашно (шолја од 250 мл)
  • 1/2 шолја млако млеко
  • 1/2 мало лажиче сув квасец
  • 1/4 шолја шеќер
  • 1/2 мало лажиче сол
  • 40 грама путер
  • 1 јајце
  • неколку зрна црно суво грозје.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги брашното, квасецот, млекото, шеќерот, растопениот путер, солта и замесете тесто.
  2. Откако убаво ќе го измесете тестото, ставете го врз набрашнета површина врз која ќе продолжите со постапката.
  3. Поделете го тестото на три еднакви дела и потоа формирајте топчиња.
  4. Потоа од секое од топчињата истегнете рамномерно тенки нишки со должина од околу 60 см. За да не ви се лепе за површината пред да ја правите нишката можете да посипете со малку брашно.
  5. Откако се готови трите нишки (кои последователно како што се прават се редат паралелно) се започнува со правење на плетенка.
  6. На готовата плетенка од тесто и се спојуваат краевите.
  7. Се намрсува садот за печење и се сместува плетенката, каде се остава да нарасне околу 40-50 минути.
  8. Јајцето ставете го во чинија и изматете го со виљушка.
  9. Потоа, плетенката се премачкува со матено јајце и се додаваат неколку зрна суво грозје за декорација.
  10. Приготвената празнична плетенка се пече во загреана рерна на температура од 180 степени за време од 20-тина минути.
  11. А доколку сакате поизразен вкус и убав сјај, испечената плетенка – венец премачкајте ја со малку растопен путер. На здравје!

Сподели: