топчиња-од-туна-и-компири

Брзи бомбици од туна и компири

Пробајте ги овие вкусни и посни брзи бомбици од туна и компири. Одлични се, се припремаат за многу кратко време, а можеме да им се радуваме и заради тоа што имаат декоративен изглед кој ги прави погодни за секоја трпеза и убави поводи!

Ако немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и нискокалорично, овие брзи бомбици со туна и компири ќе бидат идеално решение за Вас. Туната е здрав извор на висококвалитетни протеини и пожелна намирница за нашето секојдневно мени. Богата е со минерали како што се калиум, селен и магнезиум. а во својот состав има и омега 3 масни киселини кои се значајни и корисни за здравјето на срцето и крвоносниот систем. Помага во одржување и намалување на телесната тежина, го штити видот и срцето, а исто така помага за правилна функција на мозокот. Не се двоумете, направете ги вкусните и брзи бомбици од туна и компири и уживајте ги сите овие придобивки. На здравје!

топчиња-од-туна-и-компири

Состојки:

  • 2 поголеми компири
  • 50 гр маргарин или путер
  • 100 гр сусам
  • 2 конзерви туна (околу 350 грама).

Подготовка:

  1. Компирите се мијат, се лупат и се ставаат да се варат.
  2. Варените компири уште додека се топли, убаво се пасираат.
  3. Сусамот малку се потпекува, а тоа овозможува поизразен интензитет на вкусот.
  4. Туната се цеди од маслото и се иситнува доколку има потреба.
  5. Во подлабок сад се ставаат сите состојки освен сусамот и добро се мешаат за да се добие хомогена смеса.
  6. На крај, од смесата се формираат бомбици кои се валкаат со сусамот и спремни се за да ги послужите.

Препорака од авторот:

Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Може да те интересира: Готвиме со Марија Кочовска: Медитерански мезе залачиња со кремаст песто сос.

Сподели: