домашен-балсам-за-коса

Домашен балсам за брз раст на сјајна и убава коса

Нема девојка ниту жена која не би сакала убава, здрава и сјајна коса со бујност која мами. Треба да знаете дека сега тоа може да го постигнете на лесен начин со домашен балсам, а народниот рецептот со кој се негувале и разубавувале нашите баби и прабаби е тука.

домашен-балсам-за-коса

Состојки:

  • 1 жолчка
  • 1 лажица рицинусово масло
  • 1 лажица јаболкова киселина
  • 2 лажици шампон
  • 1 лажица балсам/регенератор за коса.

Подготовка:

  1. Издвојте ја жолчката од белката и ставете ја во сад. Додајте го рицинусовото масло, јаболковата киселина и добро измешајте за да се добие изедначена смеса.
  2. Додајте го шампонот и балсамот. Добро измешајте за да добиете смеса со густина на јогурт.
    Смесата нанесете ја на влажна измиена коса и ставете најлонска ќеса и крпа. Оставете да стои така околу 20 минути, а потоа косата исплакнете ја со вода.

Погодно е овој третаман со домашен балсам да го правите за време на секое миење на косата, бидејќи така ќе постигнете најдобар ефект за пократко време. Оваа мера на балсамот е доволна за средна должина на коса, а ако имате долга коса зголемете ја дозата на состојките.

Сподели: