посен-мајонез

Рецепт за домашен посен мајонез

Домашниот посен мајонез има помалку калории, се прави за брзо, вкусен е и ќе ви се најде за време на пости. Рецептот и начинот на подготовка се едноставни.

посен-мајонез

Состојки:

  • 100 мл соино млеко
  • 200 мл сончогледово масло
  • 2 мали лажички јаболкова киселина
  • 1 мала лажичка сенф
  • 1 мала рамна лажичка куркума
  • по потреба сол

Подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте ги додека се добие потребната густина за мајонез.
  2. Готовиот посен мајонез, соберете во тегличка и чувајете го во ладилник.

Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска

Ви предлагаме да прочитате: Вегански мајонез со индиски ореви.

Сподели: