лебни трошки

Рецепт за домашни лебни трошки

Доколку ви останал леб од претходниот ден, не го фрлајте. Може да го искористите и да направите лебни трошки кои често се среќаваат во голем број рецепти при припрема на похувани јадења, ќофтиња, десерти. 

По желба, во лебните трошки може да додадете различни зачини кои ќе го збогатат вкусот на вашите јадења.

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 120 до 150 степени.
  2. Парчињата леб ставете ги во тава, претходно обложена со хартија за печење. Тавата ставете ја во загреената рерна.
  3. Лепчињата печете ги 15 минути, а потоа свртете ги од другата страна и пак печете ги уште 15 минути.
  4. Печениот леб сомелете го во блендер.
  5. Подготвените лебни трошки ставете ги во херметички сад и чувајте ги во замрзнувач. Употребете ги во период од 6 месеци.

Сподели: