мрсни-дамки

Домашни средства за отстранување на мрсни дамки на облеката

Мрсните дамки лесно може да се најдат на нашата облека, но тешко може да се отстранат. Ако на вашата омилена облека се наоѓаат мрсни дамки, ние ви предлагаме неколку начини за да ги отстраните истите, со состојки кои се наоѓаат во вашата кујна.

Ако дамките се свежи

Пченкарен скроб. Доколку случајно на вашата облека се најде непосакувана дамка од масло, а при рака имате пченкарен скроб, нанесете веднаш врз дамката и оставете да стои 15 минути. Потоа нормално исперете ја облеката.

Сол и алкохол. Најдобро решение за дамките на фармерките или на облеката направена од лен и смесата од сол и алкохол. За да ја направите оваа смеса, измешајте една лажичка сол и три лажички алкохол. Со помош на мека крпа нанесете од смесата врз дамката и оставете да делува 10-15 минути, а потоа нормално исперете ја облеката.

мрсни-дамки

Отстранување на стари мрсни дамки од облеката

Кола сокови. Познато е веќе подолго време дека кола газираните сокови имаат неверојатен квалитет за чистење, како резултат на нивното својство да разградуваат речиси сѐ. Ставете сок врз дамките и оставете да делува 1-2 часа. Потоа исперете ја облеката.

Сподели: