фритата со сирење

Фритата со сирење, шунка и брокула

Фритата е нешто покомплексна врста на кајгана, која обично е направена од многу состојки. Исто така, обичај за фритата е тоа што прво се пржи на оган, а потоа се допекува во рерна. Ние ви презентираме супер рецепт за фритата со сирење, шунка и брокула.

Бидете сигурни дека рецептов за фритата со сирење, кој го најдовме на iheartnaptime.net е интересен, забавен и многу вкусен, и ќе им се допадне на сите кои ќе го пробаат!

фритата со моркови

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 помала главица црвен кромид (ситно сечкана)
  • 1 помала главица свежа брокула, исечкана на мали цветови
  • 1 и 1/2 шолја пропржена шунка (насечкана на коцки)
  • 250 гр тврдо сирење (исечкано на ситни коцки)
  • 9 јајца
  • 1/2 шолја млеко
  • прстофат сол
  • прстофат лута црвена пипер.

Подготовка:

  1. Во помал сад ставете околу 5 шолји вода и ставете ја на оган да зоврие.
  2. Во исто време, во поголема тава ставете го маслото. Откако ќе се загрее во него додајте ги ситно сечканиот црвен кромид и динстајте додека не омекне.
  3. Во водата која зоврила ставете ги ситните цветови брокула и оставете ги да се варат околу 3 минути, па исцедете ги и оставете ги на страна.
  4. Во поголем сад за матење, рачно изматете ги јајцата. Додајте го млеко и зачините, а потоа изматете ги сите состојки заедно и во добро загреана рерна на 180 степени, ставете да се печи.

Готовата фритата со сирење, шунка и брокула е највкусна кога е топла, а по желба може да ја сервирате и ладна. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Печена фритата со зеленчук. 

Сподели: