Гоџи – вкусни и лековити ориентални бобинки

Гоџи се ориентални бобинки кои потекнуваат од Хималаите и се сметаат за храна и лек. Имаат одличен состав кој лековито влијае врз организмот, а многу се корисни против стареење, хронични заболувања и во бoрба против ракот.

гоџи бобинки

Гоџи бобинките имаат богатство од хранливи материи во секој плод и лесно приемлив вкус. Сигурно веќе сте слушнале за многубројните благодети од ориенталните гоџи бобинки кои нудат повеќе можности за консумација и тоа во облик на чај, сок, вино, во комбинација со други здрави јаткасти плодови и житарки или различни десерти.

Гоџи бобинките содржат 33 различни минерали, како од макроелементите, кои се застапени во поголеми количини во организмот, па до оние во трагови. Исто така, содржат 18 различни аминокиселини, 6 есенцијални витамини, јаглени хидрати, протеини, корисни масти и растителни влакна.

Голем број од лековитите и корисните својства за организмот на гоџи бобинките се припишуваат на богатството со антиоксиданси, бидејќи тие помагаат во воспоставување и одржување на здравјето, придонесуваат за полесно и подобро исфрлање на штетните радикали од организмот, го подобруваат имунитетот и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Посебно внимание и значење се посветува на нивната способност против слободните штетни радикали од организмот, што помага во неговата заштита од најопасните болести на модерното време, а посебно против канцерогените промени во организмот, односно ракот.

Исто така, антиоксидантните својства во комбинација со витаминот А кој во гоџи бобинките е застапен во голема количина ја подобруваат еластичноста и влажноста на кожата, со што го успоруваат процесот на стареење.

Сподели: