Kолаген – клучот за вечна младост на лицето и телото 1

Kолаген – клучот за вечна младост на лицето и телото

Откријте како да ја подобрите синтезата на колаген – клучот за вечна младост! Можеби не сте истражувале досега, или веќе сте запознаени, но колагенот е клучниот фактор за младешки и убав изглед без брчки што и дава убав изглед на кожата.

Колагенот е протеин кој нашето тело го произведува и го користи за да ги „спои“ клетките и има улога да ја одржи кожата цврста и еластична. Кога сме млади нашата кожа е убаво цврста и мазна бидејќи постојано се регенерира, но со самиот процес на стареење, создавањето на нов колаген се намалува, а веќе постоечкиот како резултат на сонцето, лоши навики и други надворешни фактори се оштетува.

Kолаген – клучот за вечна младост на лицето и телото 2

Кој е резултатот од сето тоа и како до повеќе колаген?

Резултатот секако е набрчкана и опуштена кожа без цврстина, но за среќа има многу начини да го зачувате колагенот, па дури и да го зголемите неговото создавање во организмот, а еве како:

Редовно ексфолирајте ја кожата

Со тоа ќе го отстранете површинскиот дел, односно мртвите клетки и ќе и помогнете побрзо да се регенерира. Тука може да ви помогне црната маска против црнки.

Масирајте го лицето

Масажата ја подобрува циркулацијата и исхраната на кожата, производството на колаген, како и нејзината чистина. Најдобро би било масажата да ја правите со соодветен хидратантен крем за вашата кожа.

Зголемете го внесот на витамин Ц

Витаминот Ц е клучен за создавање на колагенот, бидејќи без него не можат да се поврзат амино киселините од кои се формира протеинот.

Добри извори се црвената пиперка, темнозелениот листест зеленчук како што е брокула и кељ, потоа домати, портокали, киви итн. Исто така, козметичките средства и кремови кои содржат витамин Ц, со погодни и препорачливи за одржување и создавање на колгенот (на етикетата може да биде напишин и како аскорбинска киселина или некој нејзин облик).

Не пушете и редовно негувајте го лицето

Доколку пушите престанете со таа лоша навика, бидејќи од пушењето се создава ензим, наречен матрикс металопротеиназа, кој го уништува колагенот во вашата кожа, па нејзиниот сјај и црврстина значително се менува. Основна редовна нега подразбира миење на лицето со соодветно средство или благ сапун, наутро и навечер, а повеќе за тоа може да прочитате тука.

Задолжително додадете антиоксиданси

Антиоксидансите во исхраната ќе ви помогнат да се ослободите и заштитите од слободните радикали кои за да се врзат земаат електрон од нашите клетки и тогаш настанува оштетување на клетката. За да не дојде до тоа, пијте редовно зелен чај, тој е богат со антиоксиданси наречени катехини и секоја друга храна која содржи антиоксиданси е добро да ја консумирате, како што е спанаќот, ситните шумски овошја и сл.

Јадете растителни протеини

Избирајте храна која содржи фитоестрогени. Со текот на годините создавањето на естроген кај жените се намалува и затоа е позитивно доколку јадете храна која го поддржува неговото формирање. Изберете јаткасти плодови, соини зрнца и друга зрнеста храна, како грав и слично.

Изложување на сонце без соодветна заштита

Внимавајте со изложувањето на кожата на сонце, бидејќи предизвикува олабавување на нејзините потпорни структури. Одлично би било доколку преку целата година користите и крем со заштитен фактор од UV зраците кои навлегуваат длабоко во слоевите на кожата. Таквиот крем треба да има ознака на која пишува минимум  SPF 15.

Намалете со внес на слатка храна богата со шеќери

Намалете го внесот на слатка храна која е богата со шеќер, затоа што непотребниот шеќер во крвта се врзува со липидите, нуклеинските киселини и протеините (особено колагенот) и се формираат соединенија кои го забрзуваат процесот на стареење и предизвикуваат брчки.

Ви препорачуваме да прочитате: Нов светски хит за чиста и негувана кожа!

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: