варен-ориз

Како да сварите совршен ориз?

Ви се случило ли варениот ориз да биде сув или пак да се направи како каша? За совршено варен ориз, потребен ви е добар рецепт и малку знаење за различните сорти на ориз.

На рафтовите во маркетите може да најдеме различни сорти на ориз: басмати, ориз со долго зрно, со кратко зрно, интегрален. Важно е дека помеѓу нив има разлики во начинот на подготовка и кога правите некој рецепт, најдобро е да знаете каков ориз ви е потребен.

Оризот со кратко зрно содржи многу скроб и при подготовката е мек и леплив. Овој ориз се користи при подготовка на суши и рижото. Оризот со долго зрно содржи помалку скроб, при варењето е посув и зрната повеќе се делат. Најчесто се користи како прилог во комбинација со сос. Оризот од сортите јасмин и басмати има долги зрна и карактеристичен вкус. Најчесто се користи при подготовка на Индиски и Азиски јадења. Интегралниот ориз може да се сретне со долго и кратко зрно, а во споредба со белиот ориз е многу поздрав. Треба да се знае дека при подготовка на интегрален ориз потребно е двојно подолго време за варење.

Рецепт на Џејми Оливер за варен ориз

А најдобриот рецепт за варен ориз ни го претставува Џејми Оливер. Погледнете го краткото видео и научете како може да направите совршено варен ориз.

Состојки:

  • 1 чаша басмати ориз
  • 2 чаши врела вода
  • сол по вкус

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете го оризот. Во садот додадете ја врелата вода и посолете.
  2. Садот покријте го со капак и оставете го да се вари за време од 8 до 10 минути. Потоа со виљушка промешајте го оризот и послужете.

Сподели: