космополитен-коктел

Космополитен коктел

Космополитен е еден од светски популарните коктели кој претставува вистинско освежување. За прв пат е создаден во Сан Франциско, а големо влијание за неговата популарност има серијата Sex and the City, во која главните актерки често порачуваат Космополитен за време на нивните забави. Коктелот се служи во чаша за мартини, а неговата подготовка е едноставна.

Состојки:

  • 50 мл вотка со вкус на портокал
  • 25 мл triple sec или cointreau (ликер од портокал)
  • 15 мл свеж сок од зелен лимон
  • 50 мл сок од брусница
  • кора од портокал за декорација

Подготовка на Космополитен:

  1. Чашата за мартини изладете ја (најлесен начин е да ставите коцки мраз).
  2. Ставете ги сите состојки во шејкер за коктели и дополнете со мраз. Измешајте убаво за време од 20 секунди.
  3. Коктелот ставете го во изладената чаша за мартини. Украсете го со кора од портокал.

Сподели: