макарони со кулен и зеленчук

Макарони со сос од кулен и зеленчук

Овој рецепт за макарони со сос од кулен и зеленчук може да го разубави вашето секојдневие и да ги усреќи дегустаторите околу вас. Пробајте го ова одлично јадење коe ви го презентираме на уникатен начин!

Овој пат ќе го изоставиме класичниот опис на состојки и нивната мерка и подготовката на макарони со сос од кулен и зеленчук ќе ја оставиме на вашите сетила и желби. Рецептов кој не остави без зборови го најдовме на страницата gocookyourself каде што чекор по чекор е прикажана подготовката на овој специјалитет од макарони со сос. Во продолжение погледнете ги фантастичните фотографии, последователно го опишуваат патот до уживањето во овој вкусен специјалитет со макарони!

  • Најпрво набавете ги состојките: макарони, кулен, кромид, лук, пиперчиња, зелен лиснат зачин (по можност босилек), печурки (шампињони) и малку доматен сос по желба.
макарони со кулен и зеленчук
  • Куленот исечкајте го на долги резанки.
  • Кромидот исечкајте го на ситни резанки исто така, а пиперчињата на ситни кругови и ставете ги во заедно во сад на оган. Додајте малку масло и кратко пропржете.
сечкан кромид
  • Во истата тава додајте ги и сечканите резанки кулен, а во меѓувреме варете ги макароните. Во водата во која се варат макароните, додајте прстофат сол.
кромид и кулен
  • Исцедете ги макароните и додајте го сосот. Готовите макарони со сос од кулен се највкусни кога се служат топли, на здравје!
макарони со кулен и зеленчук

Сподели: