макарони со спанаќ

Макарони во сос од пилешко, печурки и спанаќ

Интересен рецепт за макарони во сос од пилешко, печурки и спанаќ, кој вреди да се проба. А доколку сакате да ги изненадите вашите пријатели со овој специјалитет, двојно зголемете ги состојките.

макарони со спанаќ

Состојки:

  • 250 гр макарони
  • 250 гр спанаќ
  • 2 батаци со карабатак
  • 150 гр сечкани свежи шампињони
  • 2 сечкани чешниња лук
  • 3 лажици рикота (како замена може да користите изварка или сирење)
  • 100 мл кисело млеко
  • 1/2 лажичка копар
  • 3-4 суви домати во масло
  • по потреба маслиново масло, сол, црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со вода, на оган, ставете ги батаците да се варат. Кога ќе се батаците ќе се сварат, отстранете ги коските, а месото исечкајте го.
  2. Во тенџере со зовриена солена вода, ставете ги макароните да се варат. Варете ги 10 до 15 минути, во зависност од упатството наведено на пакувањето.
  3. Во тава на оган ставете го маслиново масло да се загрее. Во тавата додајте ги сечканите шампињони, лукот и пржете додека испари водата која ја пуштаат печурките. Потоа, додајте го спанаќот исечкан на парчиња и пржете додека омекне.
  4. Во тавата додајте ги парчињата пилешко месо, сувите домати и кратко пропржете. Исклучете го шпоретот и во тавата додајте ги рикотата, киселото млеко и копарот. Посолете, наросете црн пипер и додајте ги сварените макарони со малку од водата во која се вареле. Измешајте и послужете ги макароните додека се топли.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: