маргарита-кокотел

Маргарита – најпознатиот коктел од текила

Маргарита е светски познат коктел кој што води потекло од Мексико, а кој се прави со текила, Cointreau или сличен ликер со вкус на портокал и сок од зелен лимон. Овој коктел се служи во чаша чиј горен крај е прекриен со слој од сол. Коктелот може да се послужи со коцки мраз или бледниран мраз.

Ликер од портокал

Маргарита се прави со Cointreau, но може да се користат и други ликери со вкус на портокал како што се Grand Marnier, Triple Sec, или Blue Curacao кој доколку се стави во коктелот се добива сина маргарита. Кога се додава свежо цеден сок од овошје, содржината на ликерот од портокал може да се намали. Покрај ликерот од портокал, во коктелот може да се додаде и втор ликер од лубеница или од ризбизла.

Свеж сок од зелен лимон

Свежо исцедениот сок од зелен лимон е клучна состојка на Маргарита. Во многу рецепти за Маргарита може да сретнете дека се додава и сок од портокал, но сепак треба да знаете дека оригиналниот коктел се прави со сок од зелен лимон или лимон.

Чаша за коктелот

Коктелот се служи во различни чаши, но по правило чашата во која што се служи Маргарита треба да биде во форма на инка т.е. горниот дел да биде проширен, како чашата за мартини.

маргарита-кокотел

Состојки:

  • 35 мл текила
  • 20 мл Triple Sec (ликер од портокал)
  • 15 мл сок од лимон или зелен лимон

Подготовка на Маргарита:

  1. Текилата, ликерот од портокал и сокот од зелен лимон ставете ги во шејкер.
  2. Во шејкерот додадете коцки мраз и мешајте 10 до 15 секунди.
  3. Навлажнете го работ на чашата со вода и потопете го во сад со сол.
  4. Коктелот турете го во чашата и украсете со парче зелен лимон.

Сподели: