марулка

Одржете ја марулката свежа повеќе денови

Ви се случува често да ја фрлите овенатата марулка без да изедете? Научете како да ја чувате марулката правилно, за да биде свежа и до 3 недели.

Следете ги следните чекори:

  1. Измијте ја марулката, отстранете го долниот дел, а листовите ставете ги во длабок сад со вода и оставете ги да стојат за време од 30 минути.
  2. Листовите ставете ги врз кујнска крпа, а потоа со добро избришете ги.
  3. Во пластичен сад за чување на храна, ставете кујнска хартија, а врз неа нанесете ги листовите марулка. Врз листовите ставете хартија и постапката повторете ја додека имате марулка. Садот затворете го херметички и чувајте ја марулката свежа и до 3 недели.

Сподели: