ориз-со-печурки

Ориз со печурки – посен прилог

Ориз со печурки е одлично јадење кое може да го јадат обожавателите на посно, вегетаријанците и сите љубители на ориз, а фантастичниот вкус е многу подоген и за прилог со месо или риба. Ако сакате посно јадење или имате желба за убав прилог, ориз со печурки е избор кој нема да ве изневери. Вреди да се проба! 

Оризот е храна која изобилува со здравствени придобивки. Обезбедува брз и инстантен раст на енергијата во организмот, го регулира и подобрува варењето на храната и помага во стабилизација на крвниот шеќер. Не случајно, кинезите кои се најголеми консуматори на ориз изгледаат така младолико, бидејќи оризот има значајно влијание во забавувањето на стареењето. Исто така, оризот се смета за есенцијален извор кој го снабдува организмот со Б1 витаминот, кој е важен за здрава кожа, а исто така оризот придонесува за правилна дигестија и намалување на телесна тежина, во заштита од канцер и подобар имун систем.

ориз-со-печурки

Состојки:

  • 300 гр ориз
  • 350 гр свежи шампињони исечкани на тенки листови
  • 1 мала главица ситно сечкан кромид
  • 2 чешниња сечкан лук
  • 2-3 лажици сечкан магдонос
  • сол, црн пипер и мешан сув зачин по вкус
  • масло по потреба
  • жешка вода по потреба.

Подготовка:

  1. Кромидот и лукот ставете ги во сад на оган со масло и малку запржете ги.
  2. Додајте ги шампињоните и пржете ги додека испари течноста што ја пуштаат.
  3. Во садот додајте го оризот и измешајте.
  4. Потоа ставете ја водата (колку мислите дека е потребно за варење на оризот), магдоносот, зачините по вкус и оставете да се вари додека оризот омекне.

Готовиот ориз со печурки послужете го топол со свежа салата или слободно искористете го како прилог на риба или месо.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: