попарени-банички-со-урда

Попарени банички со урда

Попарените банички со урда се вкусен специјалитет од тесто или подобро кажано печиво подготвено на посебен начин. Овие банички со урда се погодни за декорација на трпезата за разни убави поводи и имаат исполнет вкус кој искрено го обожаваат сите, од најмали до највозрасни!

попарени-банички-со-урда

Состојки:

Тесто:

  • 400 гр брашно
  • 1/8 коцка квасец
  • 1 неполна лажичка сол
  • 3 лажици масло
  • прстофат шеќер
  • околу 220 мл млака вода.

За попарување:

  • 200-250 мл вода
  • 3-4 лажици масло
  • 1/2 лажичка сол.

Дополнително:

  • 250 гр урда.

 Подготовка:

  1. Најпрво замесете средно меко тесто, а потоа поделете го на 5 топчиња. Топчињата тесто оставете ги да стојат околу 30 минути.
  2. Од секое топче тесто формирајте кора и секоја попрскајте ја со малку масло, а потоа превиткајте од двете страни до половина.
  3. Повторно попрскајте со масло и нанесете од урдата.
  4. Преклопете ја и од двете бочни страни, па со рацете малку згужвајте ја кората.
  5. Наредете ги во плех, попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат на 200 степени додека убаво не заруменат.
  6. За тоа време ставете ја водата, солта и маслото да зовријат.
  7. Откако баничките ќе се испечат попрскајте ги со провриената вода и вратете ги во рерна уште малку за да се впие водата.
  8. Испечените банички со урда покријте ги со крпа и оставете малку да се изладат, а потоа послужете ги со јогурт.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: