leden desert so jagodi

Леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити

Во топлите денови сите сакаме да се разладиме со сладолед или некој друг леден десерт. Па, со оглед на сезоната на јагоди, нашата драга Кате ни приготви супер изненадување. Станува збор за брз и едноставен леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити.

Брзи колачи со мусли 1

Брзи колачи со мусли

Кога ви се јаде нешто брзо, лесно и слатко, тоа е тоа, рецептот е пред вас! Направете си брзи колачи со мусли и сметајте дека може да уживате каде и да одите. Добри се за носење на работа, на прошетка или во училиште.

чоколадна торта со јагоди

Чоколадна торта со јагоди и слатка павлака

Барате лесен, едноставен рецепт за вкусна чоколадна торта со јагоди? Вие сте на вистинското место. Ова е навистина лесна торта, погодна за сезоната кога има свежи јагоди. Се прави едноставно со неколку состојки кои сигурно ги имате во кујната.

Брз кремаст десерт со јагоди и бисквити во чаша

Брз и едноставен десерт со јагоди, идеален за топлите денови! Нема печење, а се приготвува за само 5 до 10 минути. Може да го направите штом ви се најавиле гости, а немате време за приготвување на мезе.

непечена чоколадна салама

Непечена торта со бисквити – бела чоколадна салама

Тортите со бисквити се едни од најлесните за подготовка, но и омилени на повеќето. Идеални се за во лето или зима, кога сакате да се заблажите со нешто домашно и вкусно. Од кујната на Невена ни доаѓа рецепт за непечена торта со бисквити, позната како бела чоколадна салама.

Чоколадна кал торта 1

Чоколадна кал торта

Нејзиното име е интересно, потполно несекојдневно, а традицијата за нејзина подготовка опстојува со години наназад. Потекнува од Мисисипи – Сад, а станува збор за вкусната чоколадна кал торта!

Овошна торта со малини и чоколаден крем 1

Овошна торта со малини и чоколаден крем – матурска торта

Неодоливата за лик и за вкус, а полна и со позитивни емоции! Прекрасната овошна торта со малини и чоколаден крем ни ги освои очите и срцата, а со радост ја споделуваме со сите вас.

Рецепт за посни рафаело бомбици со гриз

На љубителите на кокос, рафаело бомбиците им се сигурно омилениот десерт. А ние постојано истражуваме во кујната и испробуваме нови рецепти. Овој пат ви приготвив посни рафаело бомбици со гриз на кои никој нема да остане рамнодушен. – вели Марија од нашиот тим.

Здрави палачинки од банана за 5 минути 1

Здрави палачинки од банана за 5 минути

Има ли такви кои бесконечно долго можат да се одречат од слатката храна!? Сигурни сме дека не! Секако, со волја и желба секој од нас може да го направи тоа за извесен период, но долготрајното добро здравје во текот на животот, подразбира здрав животен стил на долг рок. Па, со цел да овозможиме тоа да биде полесно, ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за здрави палачинки од банана, кои се прават за само 5 минути и се без шеќер, без глутен и без лактоза.

чоколадна торта со урми

Чоколадна торта со урми без шеќер и без брашно

Чоколадно уживање без брашно и без шеќер! Во кујната на Сѐ за храна креиравме чоколадна торта со урми без шеќер и без брашно која е едноставна и превкусна! На овој начин може да уживате во одличен десерт без да се грижите дека внесувате празни калории