Утринска гранола со семки од тиква и овошје

Изобилува со хранливи состојки и витамини, а ќе ви даде и енергија за да го започнете денот! Сега е сезоната кога имаме киви и калинки, па вреди да ги искористиме овие овошки и да си направиме гранола со семки од тиква и овошје.

Сочен колач со банана и лешници 1

Сочен колач со банана и лешници

Од оние што го пробаа потврдивме дека е многу вкусен и неодолив за цело друштво! Не е тежок за правење и тоа само уште повеќе ја подигнува оценката на овој сочен колач со банана и лешници! За уживање е во секој смисол. Предлогот ни доаѓа од кујната на Катерина и вреди да се проба некогаш! 🙂

Колачи пралине со кокос 1

Колачи пралине со кокос

Уште пред да продолжите со читање на рецептот, ве предупредуваме, вкусот на овие колачи е заразен! Откако еднаш ќе пробате од слатките и ароматични, па уште и домашно приготвени пралине со кокос нема да можете да престанете да јадете! Најубави се со друштво, па поканете ги пријателите, направете кафе и споделете радост.

овошни колачиња без шеќер

Енергетски овошни колачиња без шеќер готови за 5 минути

За сите љубители на здрави и брзи рецепти! Уживајте во вкусот на јагодите, преку целата година. Со голема љубов ви приготвивме уште еден здрав рецепт за брзи овошни колачиња без шеќер. Само 5 минути ве делат од овошното засладување.

zdravi posni bombici

Здрави посни бомбици со кокос и лимон

Колку од нас ги сакаат здравите десерти? Сигурно штом го читате овој рецепт водите сметка за вашето здравје и здравјето на вашето семејство. За таа цел го споделуваме рецептот за здрави посни бомбици со кокос и лимон направени без шеќер!

Брз тарт со боровинки 1

Брз тарт со боровинки

Ако ви се најдат малку боровинки ви предлагаме да ги искористите и да ги претворите во вкусен десерт! Направете го овој брз тарт со боровинки кој ни го предлага Лидија, нема промашување има само уживање!

Чоколадна торта со ржано брашно без шеќер 1

Чоколадна торта со ржано брашно без шеќер

Состојките кои ги содржи оваа чоколадна торта со ржано брашно и направена без шеќер се избрани за да биде што поздрава, да може да ја јадат што повеќе луѓе и да се уверат дека и здравото може да биде вкусно. Слободно може да им ја сервирате и на децата. Вкусот е многу пријатен и пожелен, па не го одбиваат, испробавме!

Лесен колач со боровинки 1

Лесен колач со боровинки

Еве што вели Невена за лесниот колач со боровинки: „Ова колаче е од редот на едноставни, секојдневни колачи погодни за ужинка со кафе или млеко.“ Ние обожаваме лесни и едноставни рецепти, за кои не е потребна некоја посебно голема стручност во кујната, па да го направиме пријатели!

Посен брз двобоен колач со какао

Сликата кажува се, нели? Благодарение на Катерина, сега имаме уште еден рецепт за посен и сочен десерт. Послужен со кафе, посниот брз двобоен колач со какао е идеален за средби со пријателите или засладување за време на пости.