Овчарска пита – специјалитет со мелено месо во сос и пире од компири

Го истражуваме светот и ви ги презентираме најдобрите јадења со нашите пријатели Агриа! Овој пат ве водиме во Англија на дегустација на еден специјалитет кој се приготвува со мелено месо и пире од компири. Станува збор за познатата селска, овчарска пита.

Лесна крем супа од печурки – од кујната на Марија Кочовска

Топла крем супа од печурки и парче печен леб! – Како ти звучи оваа вкусна комбинација? Супата или чорба од печурки ја обожавам и често ја нарачувам во рестораните. А овој пат ја припремив дома. Кремаста, ароматична, лесна за подготовка, а што е најважно, повкусна немам пробано.

Печени свински ребра со пиво

Време е за домашен ручек! Бавно печени свински ребра со компири. Месо кое се двои со виљушка, меко и сочно. Иако имаме безброј рецепт, сепак класичните и едноставни рецепти кои се пренесуваат низ генерациите се едни од највкусните. Ако ги прашаш врвните готвачи и тие ќе се согласат дека најубавите рецепти за месо се прават на ниска температура, а месото се пече подолго време. Па, за време на викенд, празници или во било кој ден кога имате повеќе време, подгответе го овој рецепт. Ребрата се меки и сочни, па секој би каснал парче плус. Сервирани додека се топли со компири се прав избор за целото семејство. 

Сочни грчки ќофтиња

Сите обожаваат ќофтиња. Меки се и сочни, а се прават прилично едноставно. Овој пат ви го презентираме рецептот за сочните грчки ќофтиња, кои може да ги направиш со печење или пржење. Она што ги прави поразлични е додатокот на свежо нане, како и валањето во брашно пред печењето.

Рецепт за домашни ќебапи – од кујната на Марија Кочовска

„Ќебапи или плескавици? Што обожаваш повеќе? – Одамна бев во потрага на различни рецепти за подготовка на домашни ќебапи. А сега го пронајдов најдобриот. Убави се на скара или приготвени во грил тава. Брзо се печат, а од кога го испробав овој рецепт, сега почесто ќе бидат на нашата трпеза. 

празнични рецепти за печено свинско месо

3 празнични рецепти за печено свинско месо 

Празниците ни се пред прагот. Овој е период на гурмански трпези и најубави рецепти! Што да направиш за Новата година и Божиќ? – Ги избравме најдобрите 3 празнични рецепти за печено свинско месо. 

ражничи со колбаси

Ражничи со колбаси и зеленчук – од кујната на Марија Кочовска

Сигурна сум дека вакви ражничи немаш пробано! Обожавам да готвам, а во секоја прилика ја вклучувам и креативноста при подготовката. Набавив домашни колбаси од Агриа. Па,  наместо на вообичаениот начин, ги подготвив како ражничи со колбаси, печурки и пиперки. 

рецепти со кременадли

3 празнични рецепти за кременадли во сос

Славите и имендените започнаа! Празниците ни доаѓаат! Ова е најубавиот период кога дружбите се позачестени, а секој е во потрага по најубавите рецепти. Споделуваме 3 празнични рецепти за кременадли во сос со кој гостите ќе бидат воодушевени, а трпезите убаво декорирани. 

ролат од мелено месо

Ролат од мелено месо со сос од кечап и чили

Дали сакаш да испробаш нешто многу вкусно за викенд или за време на празниците кои доаѓаат? – Припремивме ново гастрономско уживање и јадење кој сигурно ќе го запишеш во тетратката со омилени рецепти. Испробај го пикантниот ролат од мелено месо со сос од кечап и чили. 

медитерански полнети печурки

Полнети печурки во медитерански стил

Превкусна и здрава верзија на пица, која мора да ја пробаш во прва прилика! Овој рецепт е одличен избор за оние кои се на диета со мал број на калории, не конусмираат глутен или житарици. Медитеранските полнети печурки се прават за 5 минути, се печат околу 10 минути, а ќе ги снема од чиниите за 1 минута. Наш совет е да ја дуплираш количината на состојки, затоа што рецептот е фантастично добар!

Сарма од свежа зелка 

Македонската кујна е богата со голем број на традиционални и убави рецепти. Таков е и овој рецепт за сарма од свежа зелка. Нашите баби беа вешти и ја приготвуваа оваа сарма во есенскиот период – во посна и мрсна варијанта, зависно од вкусот. Додека ја чекаме киселата зелка, може да уживаме во вкусот на сармата и со свежа зелка. Постапката за подготовка е малку поразлична, затоа што зелката прво се вари со оцет и вода, а потоа листовите се вадат.

свински гулаш во доматен сос

Свински гулаш со доматен сос

Совршениот рецепт за свински гулаш со доматен е тука! Приготвен со домашно македонско свежо месо од Агриа, малку чадена сланина за подобар вкус, кромид и пиперки за подобра арома, и доматен сос кој е тајната на најдобриот рецепт. Некои рецепти заслужуваат веднаш да се најдат на менито за оваа недела, а овој рецепт за свински гулаш со доматен сос е еден од нив.