Домашен и природен сок од калинка

Претходно пишувавме за лековитите својства на сокот од калинка. Тоа ни беше доволна мотивација да пронајдеме добри и испробани рецепти и истите да ги споделиме со сите. Сега ќе може да си направите природен сок од калинка кој е моќен антиоксиданс.

Овошен ладен чај за детоксикација и слабеење

Ја креираме листата на нашите омилени ладни чаеви кои помагаат за детоксикација и слабеење! И овој пат креиравме нов рецепт. Инспирација ни беше добро познатиот зелен чај кој го комбиниравме со црвено овошје, па така го добивме овој освежителен и овошен ладен чај.

Протеинско смуди со боровинки за слабеење

Направивме супер комбинација за утринско смуди кое ќе ви даде енергија, а воедно ќе го нахрани вашиот организам со многу хранливи состојки. Ова протеинско смуди со боровинки ќе ве засити и освежи. Освен тоа може да ви помогне за намалување на килограмите или одржување на витката линија на телото.

фрапе од банана 1

Домашно фрапе од банана

Бананите се одлично овошје кое овозможува вкусно уживање и го снабдува организмот со енергија. Имаат прекрасен мирис и структура која лесно се вклопува во разни рецепти, а посебно во течните десерти и густи пијалаци. Ги пробавме и во вид на фрапе од банана и одлично се покажаа, па препорачуваме да го пробате!

Аперол Шприц

Италијански освежителен коктел Аперол Шприц

Летното време е идеално за освежителни коктели! А што има подобро од добро друштво и ладен коктел во топлите летни денови. Па, драги пријатели при една наша седенка уживавме во фантастичниот Аперол Шприц, а бидејќи им се допадна на нашите гости, рецептот го споделуваме со вас.

Смуди со лубеница и банана

Смуди со лубеница и банана

Имаме нов рецепт! Со оглед на тоа што сезоната на лубениците започна, време е и ние да започнеме со експериментирање во кујната и подготовка на интересни рецепти. Ако сте љубители на смуди, тогаш издвојте малку време и пробајте нешто ново. Ви предлагаме несекојдневен рецепт за смуди со лубеница и банана, кое е вистинско освежување во летните денови.

Сорбет од лимон и рецепт за ладно освежување 1

Сорбет од лимон и рецепт за ладно освежување

За вистинско летно и ладно освежување на сите сетила! Направете си ладен напиток со сорбет од лимон и излезете на балконот или во дворот, да уживате во убавините на животот! По желба додајте неколку коцки мраз, моментот кој ќе го креирате ќе биде совршен!

протеинско смуди 1

Протеинско смуди со јагоди и кокос

Време е за супер освежително смуди кое ќе ве најаде и ќе ви даде енергија за убав почеток на денот! А освен за појадок ова протеинско смуди може да биде и вкусна ужина или напиток кој може да го консумирате пред тренинг.

Смуди со јагоди и ленено масло за забрзување на метаболизмот

Претходно сме пишувале за што е корисно лененото масло, а до нас стигнаа многу пораки за начинот на неговата употреба. Познато е дека ленено масло е еден од најдобрите природни лекови за забрзување на метаболизмот. Затоа ви приготвивме смуди со јагоди, ананас и ленено масло за забрзување на метаболизмот, кое е одличен предлог за појадок или ужина.

ладен чај за забрзување на метаболизмот 1

Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење

Летото е идеално за ладен чај кој освен што ќе ве освежи, ќе ви помогне за забрзување на метаболизмот и намалување на вишокот на килограми. Токму затоа, со вас го споделуваме рецептот за ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.

Зелено смуди од киви и кокосово млеко за енергија преку целиот ден 1

Зелено смуди од киви и кокосово млеко за енергија преку целиот ден

Кога го започнувате денот со оваа енергетска бомба во чаша, не ви преостанува ништо друго освен да испланирате какви убави активности и задачи може да завршите во денот! Испробано ни е, ова зелено смуди од киви и кокосово млеко овозможува ситост, свежина и расположение во денот!

Ореовка со мед - ликер од млади оревчиња 1

Ореовка со мед – ликер од млади оревчиња

Превкусно и традиционално подготвувано во нашите домови! Популарниот ликер од зелени ореви го правиме со многу љубов, а му се гостиме цела година. За да биде во поздрава варијанта, полна со јод, а без шеќер, секогаш правиме ореовка со мед!