Рицинусово масло

Рицинусово масло за брз раст и здрав сјај на косата

Рицинусово масло или уште познато како течно злато за косата е вистинки вредно да се применува за нега.  На косата и дава здрав изглед и ја подобрува нејзината текстура, а исто така го забрзува нејзиниот раст и благопријатно влијае на нејзината структура. Густото рицинусово масло се добива со цедење на плодовите од растението рицинус, а бојата му е убава со златна боја нијанса. 

Рицинусово масло - семе - плод

Се запрашувате зошто е толку посебно?

Рицинусовото масло содржи ретка масна киселина која се нарекува рицинолеична киселина, а може да се најде само во ова масло или во ретки видови на печурки. Поради високата содржина на оваа киселина во неговиот состав, рицинусовото масло покажува силни анти-микробиолошки  и анти-воспалителни дејства. А, еве на кои начини рицинусовото масло и помага на вашата коса:

  • Обезбедува хидратантен ефект на вашата коса. Поради големата моќ на продирање во косата и кожата на главата, пренесува бројни минерали и хранливи материи кои обезбедуваат долготрајна хидратација и прихрана на коренот.
  • Рицинусовото масло стимулира раст на косата, веѓите и трепките, дури и на места каде што поради некои причини истите испаднале. Покрај тоа, исто така го забрзува растот.
  • Со редовна употреба, рицинусовото масло може да го поправи оштетувањето на косата предизвикано од хемикалии (употреба на силни фарби, хидрогени и слично). Омега-9 масните киселини, кои ова масло ги содржи во изобилство, спречуваат сувост, како на кожата на главата, така и на косата.
  • Рицинусовото масло, исто така делува како средство за задржување на влажноста на косата и кожата на главата. Редовната употреба на ова масло, косата ја прави мека и еластична.

За најдобри резултати, потребно е да користите ладно цедено масло. Квалитетното ладно цедено масло има златно-жолта боја и благ мирис на растението. Исто така, истражувањата покажуваат дека ладно цедено масло ги намалува брчките и темните дамки на кожата.

Рицинусово масло - зелен рицинус

Како да го нанесете?

Пред употреба, косата треба да биде влажна. Рицинусот е многу густ и леплив, така што, не се препорачува да се користи во големи количини. Примената во големи количини нема да помогне, туку ќе ја направи вашата коса мрсна и без волумен. Исто така, важно е да го нанесете само во коренот или само на врвовите. По нанесувањето, косата треба да се покрие со туш капа или пластична кеса, а потоа да се замота со топла крпа и да се остави да делува два часа. За тоа време, косата и кожата на главата го апсорбираат маслото.  За крај косата добро се плакне со млака вода, се става малку балсам и повторно се плакне.

 

Сподели: