ротквици

Ротквици – моќни природни антиоксиданси

Дали знаете дека ротквиците благодарение на нивните позитивни својства врз здравјето се одгледуваат повеќе од 3000 години во Кина, Египет, Јапонија, Рим и Грција? Ако имате проблеми со црниот дроб, желудникот или сакате да ја прочистите крвта и организмот од штетните токсини, редовно консумирајте ротквици.

Благодарение на малиот број на калории кои ги содржат, ротквиците се идеална и здрава храна за сите кои сакаат да ја намалат телесната тежина или внимаваат на својата линија. Во 100 грама ротквици има само 16 калории и 2 грама растителни влакна, кои се значајни за правилно варење на храна и елиминирање на штетните материи.

ротквици

Прочитајте ги следните 7 добри причини кои ќе ве поттикнат да јадете ротквици.

  1. Го подобруваат варењето на храната. Роткциците се природен чистач на дигестивниот систем, помагаат да се разгради, елиминира заостаната храна и токсините кои биле наталожени со текот на времето. Покрај тоа, ротквиците се корисни за намалување на надуеноста на стомакот и го олеснуваат варењето на храната. Се препорачува редовна консумација на ротквици кај луѓе кои имаат проблем со запек.
  2. Превенираат вирусни инфекции. Бидејќи содржат висока количина на витамин Ц и природни пречистувачки ефекти, редовната консумација на ротквици може да помогне при превенција од вирусни инфекции.
  3. Ги елиминираат токсините. Во источните и ајурведските начини на лекување се вели дека ротквиците се ефективни при разградување, елиминација на токсините и слободните радикали кои што предизвикуваат канцер. Содржат значајни ензими кои што го регулираат производството на жолчни киселини и билирубин. Тие се особено корисни при детоксикација на црниот дроб и жолчното кесе, така што ја зголемуваат елиминација на вишокот билирубин. Како природен диуретик, ротквиците овозможуваат полесно ослободување од токсините во бубрезите, кои што доколку не се излачат од организмот може да предизвикаат инфекција.
  4. Штитат од канцер. Исто како брокулата и зелката, ротквиците содржат фитонутриенти, растителни влакна, витамини и минерали кои го штитат организмот од канцер. Ротквиците содржат соединенија познати како глукозинолати, чија улога е да ги штитат клетките од генетски мутации, кои предизвикуваат рак. Покрај тоа, богати се со антоцијани, познати моќни антиоксиданси кои имаат антивоспалителни својства и ја даваат црвената боја на ротквиците.
  5. Ги смируваат болките во грлото. Лутиот вкус и природната арома кои што ги поседуваат ротквиците, помагаат за елиминирање на вишокот слуз во телото и може да бидат од особена корист при настинки. Ротквиците помагаат при воспаление на синусите и при болки во грлото.
  6. Малку калории, а богати со хранливи материи. Ротквиците содржат малку калории. Во една чаша ротквици има помалку од 20 калории, а се одличен извор на хранливи материи, растителни влакна кои го чуваат здравјето.
  7. Го хидрираат организмот. Благодарение на високата содржина на вода, витаминот Ц, фосфор и цинк, ротквиците помагаат за хидратација на организмот, а исто така даваат свеж и здрав изглед на кожата во текот на летото.

Сподели: