шпагети во сос од пармезан и зачини

Шпагети во сос од пармезан и зачини

Тестенините секогаш се повкусни доколку се послужени со сос. Доколку сте љубител на шпагети во сос од пармезан во комбинација со зачини, како кари, куркума и копар, тогаш ова е правиот рецепт за вас.

шпагети во сос од пармезан и зачини

Состојки:

  • 250 гр шпагети
  • 25 гр путер
  • 2 лажици пармезан
  • по потреба сол
  • 10 лажици кисело млеко
  • 4 полни лажички мајонез
  • 1/2 лажичка кари
  • на врв на лажичка куркума
  • 1/2 лажичка копар
  • неколку капки табаско сос

Подготовка:

  1. Во солена зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат.
  2. Во подлабок сад ставете го јогуртот, мајонезот и убаво измешајте ги.
    Додајте ги зачините (кари, куркума, копар) и неколку капки табаско сос.
    Посолете и убаво измешајте.
  3. Откако шпагетите ќе се сварат исцедете ги, а во садот со шпагети додајте ги путерот и пармезанот. Измешајте ги шпагетите додека путерот се растопи, а потоа префрлете ги во садот со сосот и повторно измешајте за да се соединат состојките. Приготвените шпагети во сос од пармезан и зачини послужете ги додека се топли.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: