солени-колачи-со-блитва

Солени колачи со блитва и јогурт

Кога сакате да подготвите нешто вкусно и несекојдневно, ви предлагаме да направите солени колачи со блитва, кои брзо ќе исчезнат од чиниите на вашата домашна трпеза. Овие колачи одлични се за роденденски забави и ви овозможуваат на едноставен начин да го натерате вашето дете да јаде блитва.   

солени-колачи-со-блитва

Состојки:

  • 2 јајца
  • 25 мл масло
  • 200 мл јогурт
  • 5 лажици пармезан
  • 100 гр обарена блитва
  • 1/2 ќесичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сол
  • по потреба брашно (околу 350-400 гр)

Подготовка:

  1. Најпрвин обарената и убаво исцедена блитва исечкајте ја на ситни парчиња.
  2. Во сад ставете ги јогуртот, пармезанот, јајцата, маслото, сечканата блитва и солта.
    Измешајте ги убаво овие состојки, а потоа постепено додавајте брашно измешано со прашокот за печивото. Месете додека добиете меко нелепливо тесто.
  3. Од тестото формирајте топчиња. Наредете ги во плех, премачкајте ги со масло и печете ги во загреена рерна од 200 степени за време од 25 минути.

Рецептот го испрати: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: