сапуни мала слика

Дознај кој природен сапун е идеален за твојата кожа во лето!

Дали имаш забележано промени на кожата во лето? Прекумерната топлина и влажност ѝ штетат на кожата, а со тоа негата мора да биде на прво место. Црвенила, чешање, изгореници од сонцето, акни и нерамномерен тен се дел од најчестите промени кои се јавуваат на кожата во лето. А како да твојата кожа да блеска и да сјаје? Продолжи со читање и дознај кој природен сапун најмногу одговара на твојот тип на кожа. 

Д-р Нела Деспотовска советува: Намалете ги болките во зглобовите при артитис и гихт со помош на концентрат од цреша

Природата нуди многу придобивки за здравјето! А концентратот од цреша кој е релативно нов производ кај нас, се препорачува за намалување на честите болки во зглобовите при артритис и гихт. На што се должи ова дејство на црешата? – Поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска како може да се намалат болките и вкочанетоста на зглобовите при артритис и гихт. 

суплементи за патување

Д-р Нела Деспотовска советува: 5 најважни суплементи за патување и одмор

Лето, одмори, патувања… сезоната само што започна! Секој би посакал безгрижен одмор, а затоа ние сме тука да ви помогнеме за да ја исполните вашата агенда. Ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска кои се најважните суплементи за патување и одмор. Што треба да ставите во куферот, пред да заминете? 

Топ зачини за вкусно и лесно готвење во лето 1

Топ зачини за вкусно и лесно готвење во лето

Како што сите имаме сѐ повеќе обврски, така бараме и размислуваме за креативни решенија кои ќе ни ја понудат удобноста, но и вкусните карактеристики на јадењата. Разгледувавме низ маркетите и имаме како предлог неколку топ зачини кои ги издвоивме за лесно и вкусно готвење, што посебно е корисно во летните денови.

Спирулина против замор и за висока енергија во лето 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Спирулина против замор и за висока енергија во лето

Во лето, а и во секое годишно време, ако се чувствувате исцрпено, имате потреба од зголемена енергија, „обратете се за помош“ на една сигурна адреса – земете спирулина против замор и за висока енергија, победете ги сите препреки на природен начин!

водич за намалување на гладот

Водич за намалување на гладот и полесно слабеење – изработен во соработка со Д-р Нела Деспотовска

Се мачите со вишокот на килограми? Колку и да внимавате на исхраната и физичката активност, не можете да ја намалите телесната маса поради чувството на глад? – Не сте сами! Заедно со Д-р Нела Деспотовска ви припремивме водич за намалување на гладот и полесно слабеење. 

9 совети за совршен пандишпан за торта 1

9 совети за совршен пандишпан за торта

Ако немаш искуство, да се направи торта е предизвик! Слатката вкусна авантура започнува со подготовка на совршен пандишпан за торта, па без разлика дали имаш искуство или немаш воопшто, веруваме дека овие совети и тоа како ќе ти користат и дека ќе ти помогнат гарантирано да уживаш во своето дело!

Масло со зачини – рецепт и совети како најдобро да го направите и користите

Ви откриваме како дома и лесно да си направите масло со зачини, кое секојдневното јадење ќе го претвори во потполно ново доживување! Плус, споделуваме совети за чување и начини на употреба на вака припременото масло.

10 знаци кои ти кажуваат дека имаш ниско ниво на желудочна киселина 1

Д-р Нела Деспотовска советува: 10 знаци кои ти кажуваат дека имаш ниско ниво на желудочна киселина

Дали знаеш дека ако имаш ниско ниво на желудочна киселина, тоа може да е причината за твоите дигестивни проблеми? Појавата се вика хипохлорхидрија, а изненадувачки, почеста е одошто мислиме. Во САД е направено истражување од чии резултати е проценето дека од оваа состојба страдаат 22% од луѓето. Уште поизненадувачки е фактот што, ниското ниво на желудочна киселина предизвикува повеќе проблеми од вишок на желудочна киселина, посебно кај возрасните. Ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска и препорачуваме да го прочитате и споделите овој текст со пријателите.

Д-р Нела Деспотовска советува: Што е таурин, зошто е важен и за кои лица се препорачува?

Дали си слушнал за таурин? Ти звучи познато, но не знаеш што е тоа? Време е да се запознаеме со тауринот кој е амино киселина. Тауринот има бројни придобивки за здравјето, го поддржува кардиоваскуларниот систем, ги подобрува спортските перформанси, го ублажува заморот, помага за намалување на телесната тежина, го поддржува здравјето на црниот дроб, жолчката, панкреасот и очите… и не само тоа! Низ разговор со Д-р Нела Деспотовска те запознаваме со тауринот и неговите бенефити за здравјето. 

најдобри шницли со крцкава кора, а меко месо внатре 1

7 совети за најдобри шницли со крцкава кора, а меко месо внатре

Ако сакаш гурмански ручек вкусен и крцкав како од ресторан, не пропуштај да го прочиташ овој текст. Во неколку чекори ќе ти помогнеме да бидеш кулинарски мајстор и да знаеш да припремаш најдобри шницли со крцкава кора, а меко месо внатре!

3 совети за чистење на рерната со сода бикарбона

Содата бикаробона е прв пријател на кујната која станува збор за чистењето. Споделуваме 3 совети за чистење на рерната со сода бикарбона, без хемикалии со кои успешно ќе исчистите, а ќе се погрижите и за природата. 

Слаткарски водич: 5 важни совети за успешни десерти

Ти ги откриваме најважните слаткарски совети кои вреди да ги знаеш! Направи пандишпан со рамномерна висина, заборави на грутките какао во пандишпанот, пенесто измати го путерот, а ако немаш прашок за печиво, а започна со подготовката на десертот, имаме решение! Разгледај го малиот слаткарски водич. 

8 мали тајни за совршена скара

Наближува традиционалното пролетно скараџиско собирање! Дружењето со пријателите кои не сме ги виделе некое време е најзабавниот дел, но тоа не би било така, ако храната не е совршена и пијалаците ладни, нели?! Па, затоа што и ние од искуство знаеме дека е важно да се има некои вештини, малку истражувавме и дознавме некои проверени насоки и мали тајни за совршена скара!

5 трикови и совети за сочно месо на скара 1

5 трикови и совети за сочно месо на скара

Неодоливата скара е предизвик, а посебно кога е собрано друштвото. Знаејќи го тоа, ви откриваме проверени совети и трикови за највкусно и сочно месо на скара, кои гарантирано овозможуваат долго паметење на уживањето во денот!